Lifestyle
Пензионери од Хрватска и Словенија се селат во домовите во БиХ
13.04.2024г.
Пензионери од Хрватска и Словенија се повеќе се селат во Босна и Херцеговина, а во оваа балканска земја пристигнуваат и пензионери од Австрија, Данска и другите европски држави. За оваа појава сведочи и Кристијан Бакиќ, директорот на Домот за стари лица во Градишка во БиХ, кој е во близина на границата со Хрватска.
- Сметката е едноставна. Кај нас во домот и во нашата држава цените се неспоредливо пониски, а нудиме исти услови, отколку во домовите во европските држави. Нашиот дом е стотина метри од границата, а тоа е во прилог на нашите станари, изјави Бакиќ, пренесува Вијести.ба.
Во домот во Градишка престојуваат Урош и Штефанија Опачиќ, кои се на осудмесетгодишна возраст, кои пристигнале од Загреб.
- Имаме помалку обврски и овде ни е подобро и поедноставно за живот, а притоа и поевтино, отколку да живееме во станот во Загреб, вели Штефанија Опачиќ.
фото freepic