Lifestyle
Силна конкуренција во областа на иновациите во вештачката интелегенција
10.03.2024г.
САД повеќе не е прва земја во пријавените патенти
Кина ги надмина Соединетите Американски Држави според бројот на меѓународни пријави за патенти. Според најновиот извештај на Националниот центар за статистика за наука и инженеринг (НЦСЕС) во Националната фондација за наука, кинеските иноватори поднеле околу 68,6 илјади пријави за патенти во 2022 година. Ова е значителна разлика во однос на 58.200 пријави од САД.
Кинеските иноватори оствариле добар раст во областа на вештачката интелегенција, со што го зголемиле бројот на корисни патенти од 650 во 2012 година на над 40 илјади во 2022 година. Во областа на ВИ, САД забележиле раст од 920 на 9.400 патенти.
Бројот на пријавени патенти не претставува гаранција за нивна примена во производството или техннологијата, но служат како индикатор за почетна фаза за развој на технологијата. Овој тренд е показател за економските и научно-технолошките потенцијали на една земја и се важен сигнал за раздвижување на глобалната конкурентност, пишува Нова.економија.
фото freepic