Lifestyle
Државната помош за снимање филмови носи милиони евра за Белград
10.03.2024г.
Филмската индустрија во Србија доживува брз развој. Последните пет години ја зголеми својата вредност, со доаѓањето на странски продукции, благодарение и на државната помош. Министерството за кулутура и информирање на Србија минатата година распиша отворен јавен повик за доделување на финансиска помош за компаниите кои произведуваат аудиовизуелни дела, пишува Пословни.хр.
Програмата за субвенционирање на филмската продукција предвидува исплата на 25 отсто од прифатливите трошоци, што инвеститорот ги направил во Србија производство на игран филм, ТВ филм, ТВ серија, анимиран филм, аудио и визуелна постпродукција, како и исплата на 20 отсто за реклами. За проекти чија вредност во Србија надминува пет милиони евра се предвидени „субвенции“ во висина од 30 отсто. Истите услови важат за домашните и за странските инвеститори.
Србија за краток период стана посакувана филмска дестинација во Источна Европа, со повеќе од 30 милиони евра годишен приход, само од странските проетти кои се снимаат во земјата.
-Во секторот на сервисната филмска индустрија го зголемивме обемот за шест пати во однос на 2009 година. Направивме прва онлајн база на локации и воспоставивме одлична соработка со јавниот сектор да се користат локации, објекти и различни ресурси од војската и полицијата до заштитени природни подрачја, вели Милица Божаниќ, извршна директорка на Српската филмска асоцијација.
Од 2015 година низ програмата за поддршка поминале повеќе од 150 проекти. Во буџетот на државата директно се слеале 67 милиони евра. Белград со повеќе од две илјади денови стана значајна дестинација на мапата на филмски локации. Преку повеќе услуги во градската каса на српската престолнина се слеале речиси 20 милиони евра, што е показател дека производството на филмови во Србија станува сериозна дејност, пишува Пословни хр.
фото freepic