Lifestyle

Во Велика Британија расте прометот од продадени стари албуми

07.03.2024г.

Музиката се враќа на винилните плочи

Бројот на продавници на музички плочи во Велика Британија го достигна врвот во последната деценија. Во ВБ сега постојат 461 независна продавница на плочи, што е за 122 повеќе од пред десет години, објави Здружението за дигитална забава и малопродажба (ЕРА)

Од ЕРА информираат дека музичкиот пазар во Велика Британија минатата година вредел 2,5 милиони евра, а најголемиот дел или 84 отсто се однесува на претплатите на стриминг. Во последните 16 години побарувачката за винилни плочи е зголемува и достигна 6,5 милиони продадени плочи во вредност од 200 милиони евра.

Околу 2,2 милиони плочи се продадени преку независните продавници, а 128 милиони евра од вкупната продажба се остварени од стари албуми, пренесува ББС.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано