Lifestyle
Практични совети за продавање на автомобил
27.02.2024г
Веројатноста за да пронајдете купувач за вашиот автомобил зависи од механичките и психолошките импликации кои произлегуваат од бројот на изминати километри. Продавачите на автомобили предупредуваат дека преминување на одредена километража кај купувачите предизвикува одредена несигурност при носењето на неговата одлука.
- Во свеста на купувачите постои перцепција дека вредноста на автомобилот паѓа по поминувањето на 100 илјади километри. Изминатата километража од над 100 илјади километри, често создава психолошка „бариера“ кај купувачите, дури и кога возилото е во добра технолошка кондиција. Доколку се одлучите да го продадете автомобилот, најдобро е тоа да се направи пред да се изминат 50 до 60 илјади километри, се советите авто-дилерите.
Ова од причина, што гаранциите за сервисирање на новите автомобили, истекува по оваа километража, а почнуваат и првите поголеми сервиси.
Втората граница што треба да се земе предвид при продажбата на автомобилот е меѓу 90 и 110 илјади километри. Ова е границата за истекот на гаранциите за погонскиот дел на моторот, пренесува Експрес.
фото: freepic