Бизнис

Заварувачките работи во БРАКО ќе се изведуваат во целосно реновирана и модерна хала вредна 300 илјади евра

25.02.2023г.

Пуштена е во употреба целосно реновираната хала за заварување во БРАКО, инвестиција од околу 300 илјади евра, со што продолжува модернизацијата на производствените погони во фабриката.

Реновирањето на халата, која е со површина од над 2400 m² траеше над 2 месеци, а како дел од модернизацијата поставена е и фотоволтаична електрична централа на кровот на објектот.

Целиот простор е уреден во согласност со ISO45001 стандардот за безбедност и заштита при работа.

„Халата за заварување сега е практично нов објект.  Со ваквите инфраструктурните проекти значајно се подобруваат условите за работа и се зголемува задоволството на вработените, со што се зголемува ефикасноста во работењето“, велат во еден глас инженерите Дамјан Цветковски и Благој Филџанов кои беа задолжени за реализација на проектот.

БРАКО продолжува со инвестициите во модернизација на производните процеси, во тек се уште неколку инфраструктурни проекти, од кои најзначаен е изградбата на новата хала за производство на возилата за одржување на хигиена, со вкупна површина од 4.500 m² и вредност од околу 2,5 милиони евра.

ПРЕПОРАЧАНО