Бизнис
Расте интересот за возилата на БРАКО во САД – Нова испорака на 7 возила за градска хигиена во Калифорнија
23.02.2023г.
Седум возила за одржување на хигиена во урбани средини кои се произведуваат во фабриката на БРАКО во Велес, беа испорачани кон клиентите во Калифорнија во САД.
Со пратката, која се содржи од 6 рачно управувани електрични модели и еден камион со капацитет за складирање на отпад од 1,5 м2 со најсовремен и ефикасен систем за редукција на издувни гасови, повторно се докажува зголемениот интерес за возилата на БРАКО на северно-американскиот континент.
Испораката се случува десетина дена по саемот во Калифорнија кој се одржа во рамките на Конференцијата за градски управи, на која со успех се претставија возилата на БРАКО. Околу 500 посетители на Конференцијата, кои се дел од менаџментот на градските управи во сојузната Америчка држава покажаа голем интерес за електричните модели на БРАКО, за кои истакнаа дека станува збор за современи, ефикасни и еколошки возила за одржување на градската хигиена.