Бизнис
МИК СВЕТИ НИКОЛЕ: Актуелната состојба во секторот е исклучително тешка
29.01.2023г.
Како ја оценувате тековната состојба во вашиот сектор? Каде е во тие рамки вашата компанија и што носи иднината?
Актуелната состојба во секторот е исклучително тешка со оглед на фактот дека домашните компании се во нерамноправна положба во однос на увозните производи од странство како резултат на воведената царина на суровината на замрзнато свинско за преработка од страна на државава. МИК Свети Николе, иако еден од најстарите и најголемите преработувачки капацитети, е на маргините со пазарното учество на домашниот пазар и со симболични обиди за извоз. Оваа година во споредба со минатата дополнително ќе се намалат пазарното учество и обемот на производство со пад и намалување за повеќе од 15 %. Како и за останатите стопански субјекти во државава, сè додека не се смири ситуацијата со воените дејствија во Украина тешко може да се предвиди и да се планира на подолг рок. Сите планови и напори кои ги правиме се во насока на преживување, опстојување и краткорочно планирање. Тука, секако, останува главната пречка, а таа е постоењето на царината на суровината на замрзнато свинско месо за преработка и отсуството на слух од страна на Владата на РСМ да ја укине. Со тоа би се изедначиле условите на стопанисување на сите домашни и странски субјекти кои егзистираат на домашниот пазар.
Основни податоци за МИК СВЕТИ НИКОЛЕ:
– Вкупни приходи во 2021 г. − 750 474 709 ден.
– Нето-добивка во 2021г: 1 163 712 ден.
– Број на вработени: 203 лица