Бизнис

КОНФЕРЕНЦИЈА: Економски предизвици во 2023 година: Како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата

11.01.2023г.

Светот се соочува со голем број на предизвици – економски и политички: војна во Украина, политички тензии во Азија, висока инфлација, висока цени на енергијата и храната, потреба од трансформација кон зелена енергија, незагадувачки индустрии, волатилност на финансиските пазари и неизвесност. Тоа го прави амбиентот за стопанисување во Република Северна Македонија неизвесен и поврзан со голем број на предизвици.

Сето ова наметнува економските субјекти и носителите на економски политики што повеќе да работат заедно, промптно да ги разменуваат информациите се со цел да се намали неизвесноста, да се ублажат екстремните шокови и иднината да се направи што поизвесна за стопанисување. 

На тој план Стопанската комора на Северна Македонија и бизнис заедницата сакаат да дадат свој придонес преку организирање на конференција на која носителите на економските политики, Стопанската комора и претставници од бизнис заедницата би ги презентирале своите видувања за 2023 година, со цел да направиме подобри услови за економски раст и развој. Наша цел е оваа конференција да биде традиционална и да се одржува во декември секоја година како предвесник на економските политики и услови за стопанисување во наредната година.

За оваа година, Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија организира конференција со наслов: „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“. Истата ќе се одржи на 16 јануари 2023 година (понеделник) со почеток од 10:00 часот во Хотел „Александар Палас“ – Скопје.

Целта на конференцијата е на едно место да ги обедини креаторите и носителите на економски политики, од една страна и претставниците на бизнис заедницата, од друга страна овозможувајќи јавно-приватен дијалог и презентирање на различните видувања на двете страни, како и предлог мерките кои ги има приватниот сектор кои би можеле да бидат земени предвид при креирањето на економските политики од страна на Владата на Република Северна Македонија.

ПРОГРАМА:

I. Воведно обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, д-р Димитар Ковачевски на тема: „Предизвици на економските политики во 2023 година“    

II. Како истовремено да оствариме соборување на инфлацијата и раст на економијата

Модератор: Д-р Глигор Бишев, претседател на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања
• Д-р Анита Ангеловска-Бежоска, Гувернер на Народна банка на Република Северна  Македонија
• Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции (tbc)    
• М-р Зоран Јовановски, Потпретседател на Стопанска комора на Северна Македонија
• М-р Крешник Бектеши, Министер за економија
• Д-р Фатмир Бесими, Министер за финансии

III. Очекувања за стабилноста и растот на бизнис заедницата

Модератор: м-р Виктор Мизо, генерален менаџер на „Костал Македонија“ и попретседател на Стопанската комора на Северна Македонија 
• Проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија 2025 и член на Управниот одобор на Стопанската комора на Северна Македонија
• Боријан Борозанов, управител на Џонсон Мети Скопје, потпретседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство при Стопанската комора на Северна Македонија
• Тодор Анѓушев, управител на Мали хидро електрани ДОО Скопје и ЕМС ДОО Скопје, претседател на Групацијатана обновливи извори на енергија при Македонската енергетска асоцијација (МЕА) и член на Управниот одбор на Стопанска комора на Северна Македонија
•  Петар Спасески, основач и управител на АСП-ПАК ДООЕЛ Охрид и член на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија.
• Васко Кроневски, извршен директор и ко-основач на Некстсенс ДОО Скопје и заменик претседавач на Одборот на директори на Македонија 2025.

Работен јазик: македонски

Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават со пополнување на пријавниот лист и негово доставување кај координаторот на Советот, м-р Михајло Донев, електронска адреса: mihajlo@mchamber.mk, тел: 3244-067. Поради ограничен број на места, ве молиме пријавите да ги доставите најдоцна до 13.01.2023 година (петок).

ПРЕПОРАЧАНО