Економија

Мукаетов: Годината што претстои ќе биде уште потешка и исполнета со многу тековни предизвици

Што очекувате од 2023 година?

Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид АД Скопје

Согласно најавите и гледано од глобален аспект, треба да се очекува дека годината што претстои ќе биде уште потешка и исполнета со многу тековни предизвици чиј интензитет е тешко да се предвиди. Ќе доминираат инфлацијата, високите цени на енергентите и растот на каматните стапки кои ќе го отежнуваат економскиот амбиент. Потешкотиите кај синџирите на испораки и достапноста на одредени материјали ќе продолжат исто така. Но, сепак, благодарение на нашиот најскапоцен ресурс, луѓето, инвестициските вложувања насочени во истражување и развој, во зголемувањето на производните капацитети и во нови технологии, конкурентното производно портфолио и ширењето на пазарите, докажаниот квалитетет на нашите производи и на алкалоидовиот бренд, имаме високи очекувања дека и во 2023 година ќе успееме да продолжиме со трендовите на раст на компанијата. За остварување на овие цели ќе бидат неопходни и нови вработувања што ќе доведе до раст на бројот на вработените притоа континуирано вложувајќи во подигнување и усовршување на нивото на нивните знаења и вештини и градење на таленти.

ПРЕПОРАЧАНО