Бизнис

Конечно Уставниот суд пресече – разговорите за спорниот закон треба да продолжат

05.12.2022г.

Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за измените на Законот за работните односи во кој беше оспорено работењето во недела. Но, тоа не е причина да не ги продолжиме разговорите со Владата, со цел конципирање ново законско решение што ќе биде прифатливо за сите.

Во моментов, законското решение што е во важност, нема бизнис-логика, а има многу можности за негово прилагодување, кои не се спротивни на Уставот. Притоа ги имаме предвид компаративните искуства од опкружувањето, па дури и од членките на ЕУ, каде што работата во недела не е ограничена на ваков начин како кај нас, а сепак не е спротивна на уставните принципи.

Во тој правец ќе дејствуваме и ние во следниот период.

ПРЕПОРАЧАНО