Економија

Преглед на пензиските фондови – квартални извештаи

25.11.2022г.

Темата за пензиските фондови е доста чувствителна од причина што перцепцијата на голем број од сегашното работоспособно население не верува дека ќе оствари право на пензија. И тоа е сосема грешен заклучок ако се земе во предвид функционирањето на пензиските фондови. Сепак, “маглата” која се создава околу концептот на формирање на идните пензии и начинот на користење на сегашните придонеси кои се плаќаат кон државата, главно произлегува од немањето доверба во државата, а тоа е мотив повеќе да го анализираме процесот од сосема поинаков аспект.

Анализирајќи го секторот на пензиските фондови и неговите остварувања и позиционираност во последните 5 години преку податоците на НБРМ, коие се сегментирани во табела само со најбитните ставки, може да се констатираат следните заклучоци:

 1. Изминативе 5 години евидентиран е континуиран пораст на вкупните средства, така што од ниво 63.248 милиони мкд во К2 2008 година, се искачиле до 110.102 милиони мкд во К2 оваа година. Тоа претставува пораст од 46.854 милиони мкд.

 Споредбено помеѓу периоди најголем процентуален пораст е остварен во 2021 година од 21%.

 2. Најчеста дестинација каде што завршуваат овие средства е централната влада. Имено, во последниот квартал ваквиот износ надминал 62%. Меѓутоа она што е интересно е внатрешната валутна структура која низ годините драматично се променила.  Од ниво 85% побарувања во странска валута, во последниот квартал веќе таквиот сооднос е скоро изедначен.

 3. Во однос на пласирани средтва во депозити забележана е политика на “дистанцирање” од овие производи и од пикот во К2 2020 година со ниво од 9.093 милиони мкд, најновата состојба изнесува 6.930 милиони мкд. За 2 години нивото на депозити е намалено за 2.163 милиони мкд.

 4. Страната на обврските главно е составена од 2 ставки, а тоа се капиталните сметки и техничките резерви за осигурување. Во вкупната структура резервите учествуваат со околу 70%, и таквиот сооднос е константен низ анализираниот период.

Во однос на капиталните сметки салдото главно произлегува од задржаната добивка, а низ 2 квартали истото е “нарушено” поради тековните загуби, со тоа што во К2 2022 година истото изнесува 3.762 милиони мкд, што е далеку најлошо во анализираниот период, иако кумултивно забележан е пораст на вкупната капитална сметка. 

ПРЕПОРАЧАНО