Бизнис

Управувањето со побарувањата низ призмата на дигитализацијата и промените наметнати од светската пандемија

Економија и бизнис | печатено издание | ноември 2022г.

„Поради пандемијата, секоја трета компанија во Европа се соочува со зголемување на обемот на работа во управувањето со побарувањата. Во исто време, процентот на компании кои целосно ги дигитализирале своите процеси на наплата е минимално зголемен од 2019 година. Бројките покажуваат дека само една од пет европски компании целосно го дигитализирала управувањето со побарувањата.“
Со овие факти би сакале да ја почнеме дискусијата и да ги најавиме наодите од тринаесеттото репрезентативно истражување на EOС „Европски навики за плаќање“, во чии рамки беа испитани 3 200 компании од 16 европски земји. Повторно и оваа година, ЕОС Матрикс (EOS Matrix) ќе ги претстави заклучоците од истражувањето, овој пат во рамките на својата платформа за размена на експертиза и на искуства „Разговори за финансии“ (Finance Talks).
Зборувајќи за дигитализацијата во период кога се соочуваме со промените кои ги наметна светската пандемија, интересно е што и покрај тоа што сѐ повеќе и повеќе компании се потпираа на дигитализирани процеси на наплата за да се справат со зголемениот обем на работа во текот на пандемијата, бројот на компании во Европа кои се целосно дигитализирани е сè уште премногу мал. Ова се случува и покрај фактот што дигиталните процеси помагаат да се постигне помала стапка на грешки и им обезбедуваат на компаниите основа за пристап до клиентите поединечно и поефикасно.
Технолошкиот напредок отсекогаш бил составен дел од ДНК на нашата компанија. Тоа може да се забележи и во бројките истакнати во Извештајот на EOS Групацијата оваа година, кој известува дека во фискалната 2021/2022 година EOS инвестираше 20 милиони евра во иновативна технологија и ИТ-процеси. Дигитализацијата во EOS опфаќа од аналитички модели и автоматизирани процеси до целосна дигитална трансформација на групата компании на EOS. Во нашето работење користиме платформа за податоци и аналитика, имплементираме динамични работни текови за непречени процеси и раководиме со модели за одлучување и пресметување со помош на вештачка интелигенција.
Во ЕОС Матрикс (EOS Matrix) активно работиме на дигитализација на сите работни процеси. Располагаме со агилен тим кој ја унапредува работата на EOS во Македонија преку овозможување евалуација на портфолија на побарувања врз основа на податоци и применуваме дигитален пристап кон развојот на деловни модели и на иновации. Нашиот дигитален пристап ни овозможува да сме во чекор со времето и го олеснува раководењето со комплексната област на управување со побарувањата.
Дигитализацијата и влијанието на светската пандемија врз навиките на корисниците се само мал дел од темите кои ги опфаќа истражувањето „Европски навики за плаќање“. На претстојната дискусија „Разговори за финансии“ (Finance Talks), што ќе се одржи овој декември, ќе зборуваме за наоѓањата по повод навиките на плаќање во Европа, ќе ги погледнеме резултатите од истражувањето што ја разработува положбата на компаниите и онаа на нивните клиенти, условите во кои се одвива управувањето со побарувањата во 2022 година и предизвиците со кои се соочуваат компаниите при процесот на наплата на побарувања.
Нашите истражувања, кои ги спроведуваме заедно со реномирани институти за истражување на пазарот, нудат факти за однесувањето на клиентите во Европа во поглед на плаќањата, возможните начини на плаќање и даваат осврт на процесот на дигитализација на овие процеси. Сите овие увиди ни помагаат подобро да ги предвидиме состојбите на пазарот и се одлична почетна точка за анализа на оваа тема која ќе се фокусира на домашниот пазар, односно пазарот на управување со побарувања во Македонија.
Извештајот „Европски навики за плаќање“ е изработен во партнерство со независниот Институт за истражување на пазарот „Кантар“. EОС спроведе телефонски интервјуа со 3 200 компании во 16 европски земји во периодот од 4 март до 19 април 2022 година за да ги праша за главните навики за плаќање во нивните соодветни земји. Во пролетта 2022 година, 200 компании (со годишен обрт од над 5 милиони евра) во Белгија, Бугарија, Чешка, Хрватска, Данска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Швајцарија и Обединетото Кралство одговараа на прашања во врска со своите искуства со плаќањата, како и на тековни прашања поврзани со управувањето со ризикот и побарувањата.
На најавената дискусија „Разговори за финансии (Finance Talks) ќе ги претставиме заклучоците на Извештајот и ќе ја отвориме дискусијата за тоа што значат овие сознанија за локалниот пазар. Ќе ги извлечеме вредните поуки кои можеме да ги согледаме од пристапот кој го имаат компаниите низ Европа и ќе заклучиме како можеме со помош на размена на овие знаења и на искуства да ги адресираме предизвиците на домашните компании и на субјектите кои дејствуваат на пазарот на управувањето со побарувања.


Поддржано од EOS Matrix 


За ЕОS Македонија
ЕОС Матрикс (EOS Matrix) е дел од Групацијата EOS која е водечки финансиски инвеститор со главна дејност управување со побарувања преку активности на преземање на обезбедени и необезбедени побарувања. ЕОС Матрикс (EOS Matrix) преку својата нова подружница ЕОС Ајтек (EOS ITech) обезбедува и развој на софтверски решенија и системи и останати услуги од областа информатички технологии.
Дознајте повеќе за ЕОС Матрикс Македонија (EOS Matrix Macedonia) на: <https://mk.eos-solutions.com/>.

За Групацијата EOS
Групацијата EOS е водечки технолошки напреден инвеститор во портфолија на побарувања и експерт за управување со побарувања. Со над 45 години искуство, EOС им нуди на околу 20 000 клиенти во 25 земји во светот паметни услуги за сите нивни потреби за управување со побарувањата. Клучните целни сектори на EOS се: банкарството, недвижностите, телекомуникациите, комуналните услуги и е-трговијата. EOS вработува над 6 000 луѓе и е дел од Групацијата Ото (Otto).
За повеќе информации за Групацијата EOС, одете на: <www.eos-solutions.com>.

ПРЕПОРАЧАНО