Бизнис

Македонија2025: Одржана еднодневна напредна обука за високотехнолошка извонредност

31.10.2022г

На 29 октомври 2022 година во Скопје, Македонија2025 организираше еднодневна напредна обука за високотехнолошка извонредност. 

Програмата за изработка и програмирање на роботи се реализираше преку модерни и високо ефективни методи на учење и предавање. Тимовите добија различни предизвици за градење на најсофистицирани модели на роботи со следење на специјални инструкции (Robotics & Innovation Academy и LEGO® Education SPIKE). Предизвиците кои беа поставени пред учесниците се во корелација и решаваат проблеми поврзани со Целите за одржлив развој на Обединетите нации, конкретно Цел бр. 7 - Достапна и чиста енергија: да се обезбеди пристап до достапна, сигурна, одржлива и современа енергија за сите. Наставната програмата се испорача од сертифициран наставен кадар, обучен од LEGO® Education.

И овој пат, имавме чест да не посети Претседателот на РСМ г-дин Стево Пендаровски, пред кој учесниците ги претставија изработените модели, ја објаснија нивната употреба и применливост во областа на екологија, односно селекција на отпадните материјали и заштита на животната средина. Претседателот Пендаровски изрази задоволство од покажаната умешност и инвентивност на учесниците и за нивниот успешен одговор на зададените проектни предизвици. Во тој контекст истакна дека искуствата кои ги стекнале за време на напредната обука ќе имаат силно позитивно влијание во нивниот иден професионален развој. Упатувајќи благодарност до организаторите и поддржувачите, претседателот ја нагласи важноста на ваквите тренинзи во поттикнувањето на младите да размислуваат креативно, постојано стремејќи се кон целосно искористување на своите потенцијали.

За наше задоволство во работна посета на нашата земја беа Вера Ставроф и Невенка Димитрова, членови на одборот на директори на Македонија2025 од Америка, кои преку дружење и разговор со учесниците споделија лични искуства и изразија личен поттик кон развивање на вештините и знаењата на младите во областите на СТЕМ. Особен впечаток им остави пристапот и размислувањата на младите при решавање на глобалните проблеми и ги импресионираа можностите на примена на изработените роботи во областа на медицината, индустријата и заштитата на животната средина.

Учесниците на обуката се здобија со сертификати за посетувана обука.

Благодарност до ИтЛабс Скопје кои овозможија да ја реализираме обуката во нивниот тренинг центар. 

ПРЕПОРАЧАНО