Бизнис

Нелт отвори CANDY FACTORY во Ангола

26.10.2022г.

Препознатливи гуми за џвакање, лижавчиња и бонбони од Луанда за цела Африка.

Фабриката за слатки производи Candy Factory е свечено отворена во Луанда, во Специјалната економска зона. Косопственик на фабриката е компанијата Нелт ЛДА, членка на српската Нелт Група од Белград,

На официјалниот настан присуствуваа голем број видни личности од Ангола и Европа, меѓу кои и министерот за индустрија и трговија Виктор Фернандес, кој заедно со косопствениците симболично ја пресече лентата на новата фабрика.

„Инвестициите во новата фабрика се над 20 милиони евра. Во моментов вработуваме 90 работници, а очекувам за две години таа бројка да се искачи на преку 150 вработени. Со производствен капацитет од 6.700 тони годишно, дневното производство брзо ќе надмине 15 тони бонбони, лижавчиња и гуми за џвакање“, изјави Борис Мачак, извршен потпретседател на Нелт Група за африканскиот пазар.

Нелт Група се стреми да имплементира иновации и модерни технологии на сите африкански пазари каде што работи, со цел да постигне врвен квалитет на услугите и во работњето.

„Candy Factory има амбиција да биде национално и регионално препознаена како компанија која произведува анголски брендови. Верувам дека силно ќе влијаеме на растот на категоријата бонбони, лижавчиња и гуми за џвакање, и дека наскоро ќе ја преземеме водечката улога во оваа категорија со 20% удел на пазарот“, објави Милена Киселички, директор за операции и развој на Candy Factory.

Нелт во соработка со локалната партнерска компанија Oxbow и со сесрдна помош од Владата и развојните агенции на Ангола, го реализираа овој гринфилд проект во рок од три години.

Нелт Група е присутна на пазарот во Ангола, Замбија и Мозамбик, каде што вработува над 500 луѓе. Се занимава со дистрибуција на своите брендови Неопланта и Фабрика за детска храна и производи на глобално признаени корпорации, како што се P&G, Mars, Nestle, Colgate, Heineken, SC Johnson, Dr. Oetker, Ferrero, Beiersdorf и други.

На глобално ниво Нелт Група се состои од 18 компании кои работат на 12 пазари во Европа и Африка, со 4.500 вработени и годишен обрт од преку една милијарда евра. Во Северна Македонија Нелт СТ е присутна 24 години. Со своите 216 вработени, 6.500м2 магацински простор и 3.400 артикли во својата палета на продажба,  од своето основање до денес Нелт СТ претставува синоним за деловна извонредност во областа на дистрибуцијата.


За повеќе информации контактирајте ја агенцијата Represent Communications.

Наташа Велковска (natasha.velkovska@represent.mk)

ПРЕПОРАЧАНО