Бизнис

„КАМ Маркет“ е број еден маркет во Бугарија според бројот на новотворени маркети годинава

09.08.2022г.

Според пишувањето на порталот марица.бг, „КАМ Маркет“ е број еден маркет во Бугарија според бројот на новотворени маркети годинава.

Според порталот, „КАМ Маркет“ отворил шест нови супермаркети на територијата на Бугарија. По него следуваат бугарскиот „Т-МАРКЕТ“ со пет отворени продавници, „Била“ и германскиот„Лидл“ со по два, а „Кауфланд“ отворил само еден маркет.

„КАМ“ е присутен на бугарскиот пазар од 2017 година кога во ноември во Софија го отвори првиот маркет. Од тогаш до денес во Бугарија има отворено вкупно 22 маркети, пишува марица.бг.

ПРЕПОРАЧАНО