Lifestyle

КОТЕВ КСЕНИЈА: Секоја наредна колеција и секој нареден проект е предизвик да се доближи до духот и естетиката на клиентите

Разговараше Лидија Георгиева

МЛАДИТЕ ДИЗАЈНЕРИ ГО РЕВИТАЛИЗИРААТ МАКЕДОНСКИОТ ФИЛИГРАН


Редовно посетувам манифестации од изложбен карактер, особено ако се работи за настани на кои се презентираат дизајнери на облека и модни додатоци. Сметам дека е важно да се поддржи домашната сцена и да се потенцира секоја можност која придонесува за развивање на нашите креативни сили, особено на подмладокот. Земја без култура и без трансмисија на знаење за мене е онесвестена земја, земја без иднина.
Имам голема почит кон рачната изработка и кон креативците кои воедно поседуваат и занаетчиска вештина. Тие денес треба да се натпреваруваат со современите технологии и да си го направат своето место, но не само во секојдневието, туку и во културното наследство, како дел од нашиот локален печат со кој можеме да се гордееме.
Тие се млади, но за наша среќа имаат желба да се занимаваат со стар занает и да се погрижат како вештина да постои и понатаму, како дел од нашата традиционална култура.
Задоволство ми е да презентирам три независни дизајнерки кои ја поседуваат вештината на изработка на филигран. Им ги поставив истите прашања:
Каде го научивте занаетот?
Дали имавте инспирација од некој мајстор од постарите генерации?
Што ве привлече кон овој стар занает?
Каков е интересот за накит од филигран, дали и домашната публика е заинтересирана или само туристите ви се клиенти?
Учествувате ли на некои изложбени манифестации надвор од нашава земја?
Како млади дизајнери, кои се предизвиците во вашата работа?
Опишете го вашиот стил или приказна!


ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано