Бизнис

Потребна е државна стратегија за компаниите да го преживеат мулти кризниот период и да создадат услови за натамошно функцинирање

Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија

КОМОРАТА ПРЕДЛАГА КОНЦЕПТ ЗА УБЛАЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД КРИЗАТА



За нас во Комората е важно државата да се однесува како навистина да е во криза, кое ќе подразбира дека ќе имаме потреба од кризни штабови кои ќе помагаат да се преживее овој период, затоа што ако нешто треба да успееме паралелно со заштита на стандардот на граѓаните е да ја зачуваме и економија за подолг период.


Македонската економија се наоѓа пред едно од најголемите иксушенија од осамостојувањето. Многумина ќе кажат дека  економската криза во која се наоѓаме не е ништо ново за нашата држава и дека ние сме немале период во кој државата од осамостојувањето не била во криза. Да тоа е така, но и не е така. Изминатиов период, годините што изминаа беа исполнети со големи искушенија заради тоа што поминувавме од криза во криза, почнувајќи од кризата со Короната, па имавме криза со енергија, а денеска живеема и со криза која настанува како рефлексија на она што се случува во Украина.

Мислам дека светот никогаш не бил во поголемо искушение, особено Европа, пазарот на кој ние како држава сме ослонети многу. Прекинати се традиционалните извори на енергија, прекинати се ланците за снабдување, намалена е побарувапчката, а на светот во периодот што следува во најава е и голема криза со храната. Сето ова упатува на потребата да се биде многу рационален, да се менаџира со ресурсите и не е случајно што најголемите светски економии почнувајќи од Германија, повикуваат на рационално оденсување кон изворите, ресурсите, рационално управување со сите можни извори на економијата, со што дури малку и смешно изгледа тоа што повикуваат на штедење. Навистина на светот му треба мега штедење, заради тоа што се наоѓа во ситуација во која оваа криза мора да биде превагната во многу кратко време.

Ние во Комората ова го видовме многу рано, и како и секогаш пристапивме на решавање на проблемот многу прагматично. Правевме анализи, викавме експерти, правевме согледувања, размислувавме и еден дел од тие согледувања се конципирани во нашите приоритетни обврски кои се однесуваат на нас, на чинителите на економијата, но секако и на државата која има потреба да се осврне на тие случувања. За нас во Комората е важно државата да се однесува навистина како да е во криза. Нас ни треба однесување на државата кое ќе подразбира дека ќе имаме потреба да имаме дури и кризни штабови и штабови кои ќе помагаат да се преживее овој период, затоа што ако нешто треба да успееме паралелно со  заштита на стандардот на граѓаните е да ја зачуваме економија за подолг период.

Не треба да потенцирам дека на државата и се потребни нови извори на енергија, на државата и треба активна политика во делот на алтернативни извори на енергија, на државата и треба стратегија која ќе овозможи компаните да го прежиеват овој период и да создадат услови за натамошно функцинирање.

Линк до Видео изјавата на извршниот директор на Стопанската комора на Северна Македонија, м-р Антони Пешев - https://youtu.be/Mj78JgjKrKI



Усвоен материјал на седница на УО на Комората (скратена верзија) 

ОЦЕНКА ЗА СОСТОЈБАТА СО МУЛТИ КРИЗАТА -ПО УКАЖУВАЊА ОД КОМПАНИИТЕ ЧЛЕНКИ-

Неизвесноста и непредвидливоста на деловниот амбиент остануваат да бидат клучните предизвици во глобални економски рамки, со сериозно влијание и на македонското стопанство. По воениот руско-украински конфликт од крајот на февруари 2022 година, проблемите се мултуплицирани, а за дел од нив решенијата се многу сложени или воопшто ги нема. Очекувањата се дека последиците ќе се чувствуваат најмалку две до три години по престанокот на мулти кризата и тоа најмногу во следните сегменти: енергенси; храна; вештачки ѓубрива; метали;  ликвидност; инфлација.

Севкупната состојба претставува драматичен удар за конкурентноста. Затоа, во сите преговори со Владата треба да се појде од потребата за носење на мерки кои ќе овозможат да се издржи подолг временски период, бидејќи не станува збор за последици кои ќе траат неколку месеци, туку многу подолго. За стопанството 2022 година ќе биде потешка и од пандемиските години.

Од почетокот на месец март 2022 година, се воспостави систем на директни „ОН-ЛИНЕ“ средбисо компаниите членки секој петок од 12:00 до 13:00 часот, со цел да се сослушаат барањата/укажувањата за проблемите предизвикани од мулти кризата, како појдовен основ за натамошно постапување на Комората во изнаоѓање на соодветни решенија низ институциите на системот. Во комуникација со над 200 компании, преку оваа алатка, беа дефинирани серија проблеми со кои се соочуваат компаниите во услови на глобална економска криза. Воедно, се реализираа средби со претседателите и потпретседателите на Регионалните комори од Битола, Прилеп, Кавадарци, Штип, Струмица и Кичево, како и со претседателите на Здруженијата според дејности при Стопанската комора и согласно анализите направени во Комората по сектори и дискусиите на средбите се групираа сет на прашања за кои компаниите бараат решение, и тоа:

1. Скапата струја која се набавува на слободниот пазар по берзанската цена на HUPEX во Унгарија поради што сметките на компаниите се зголемени повеќекратно за што Комората веќе понуди предлог решенија.

2. Драстичниот раст на цените а некаде и недостиг од суровини неопходни за производство во земјава, што се заканува сонарушување на ликвидноста на компаниите.

 

3. Договорите за Јавни набавки на компаниите од различни сектори склучени на подолг рок (над една година) со фиксни цени, во услови на континуирано речиси дневно менување на цените, се доведува во прашање исплатливоста на реализацијата на веќе склучените договори, а се најавува и повлекување од учество во нови тендерски постапки.

       4. Реакција на предлог измените и дополнувањата на Законот за работни односи, по скратена постапка

       5. Стабилна даночна политика и навремен поврат на ДДВ за компаниите, што е од исклучително значење во услови на неизвесност и непредвидливост од аспект на задржување на каква таква ликвидност

       6. Итната потреба за корекција на ЗРО за недела - неработен ден

       7. Државата да ги наплаќа побарувањата кон стопанството, но во обратен правец замрзнати се побарувањата кои ги има стопанството од државата и со екстремно долги рокови на наплата, за што е неопходна измена на член 218 од Законот за извршување, за наплата на побарувањата на стопанството ко државата.



 

ПРЕПОРАЧАНО