Бизнис

РУСКАТА ЕКОНОМИЈА ПРЕД СЕРИОЗНИ ПРЕДИЗВИЦИ

Никола Џамбазовски

Авторот е Директор на дирекција Сектор за кредитирање на стопанство во Комерцијална банка ад Скопје

По финансиската криза од 1998 година, Русија неочекувано брзо и ефикасно се опорави и влезе во експанзивен економски циклус. Првиот позитивен импулс беше ниската вредност на домашната валута, што овозможи добра конкурентност на меѓународниот пазар и раст на извозот. А вториот уште посилен импулс почна некаде во 2008 година преку постојаниот пораст на цената на нафтата. Растот на економијата беше проследен со намалена невработеност, намалена сиромаштија и прилично солидни јавни финансии (ниска задолженост и дефицит). Дури и глобалната финансиска криза од 2008 година Русија ја преброде релативно бргу и на крај на 2009 година се врати на позитивните тенденции. Ова му овозможи на претседателот Путин психолошки да го набилда националното чувство и оваа економска експанзија да ја пренесе на политичко поле. Настаните што следеа преку Грузија, па сè до Украина се добро познати.
Како оваа голема земја со силна економија проследена со раст подолг од една деценија во моментов е доведена до работ на макроекономска стабилност?

 

Прочитајте повеќе во печатеното издание

ПРЕПОРАЧАНО