Бизнис

70 отсто од германските инвеститори повторно би инвестирате во С. Македонија. 2021 бележи рекорден раст на трговската размена помеѓу Германија и С. Македонија

15.06.2022г.

Анкета за деловната клима во  Македонија 2021/2022

Скопје, 15.06.2022 На денешната конференција за медиуми беа претставени резултатите од 17-тата анкета за деловната клима во Северна Македонија 2021/2022 спроведена помеѓу компаниите членови на Македонско-Германското стопанско здружение.

Резултатите ги презентираа Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско-Германското стопанско здружение и Ото Граф, Заменик амбасадор на Сојузна Република Германија во Северна Македонија.

Во 2021 година стопанството се уште ги чувствуваше последиците кои ги предизвика пандемијата, но и покрај оваа состојба трговската размена помеѓу Германија и Северна Македонија забележаа рекордна година.

Во 2021 година од Северна Македонија во Германија се извезени добра во вредност од 3.474 милијарди евра, увозот од Германија 1,244 милијарди евра, додека вкупната трговска размена изнесува 4.719 милијарди евра и е зголемена во споредба со 2020 за 907 милиони евра.

Во 2022 година дури 70 отсто од испитаните компании повторно би инвестирале во Северна Македонија, 30 отсто би се одлучиле за друга локација.

 

Оценка на локалните услови

Во нашето истражување на прашањата поврзани со оценката на локалните уловите испитаниците се задоволни од трошоците за придонеси, продуктивноста и подготвеноста за работа на персоналот.

Испитаните компании со најслаба оценка ја оценија борбата против корупција и криминалот. Но сметаа дека треба да има подобрување и во правната сигурност, политичка стабилност, инфраструктурата, како и поголема транспарентност при јавните набавки.

Даночниот систем даночните отпретување и наплатата на побарувања се оценети како мошне подобри во споредба со изминатите години.

Компаниите најзадоволни се од своите вработени, со највисока оценка се оценува продуктивноста на стручниот кадар и мотивацијата на вработените.

Војната која се води во Украина остава последици и врз стопанството, во однос на очекувањата за деловната состојба во своите компании дури 96,4 отсто одговориле дека се соочуваат со зголемени трошоци за енергија и репро материјали.

64, 3 отсто очекуваат прекин во глобалниот синџир на снабдување, а 46, 4 отсто веќе се соочуваат со недостиг на материјали кои им се потребни за производство. 28,6 отсто очекуваат да дојде до прекин на производството и исто толку испитаници очекуваат да има пад во нарачките.

25 отсто очекуваат да дојде до нарушување на трговската размена. Само 14,7 отсто очекуваат дека војната ќе предизвика губење на деловни партнери.

Само 13,8 отсто очекуваат до крајот на 2022 да дојде до нормализирање на меѓународниот синџир на снабдување, а  55,2 отсто очекуваат тоа да се случи дури во 2023 година.

„Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение: „70 отсто од испитаниците се задоволни од состојбите во сопствената компанија и повторно би инвестирале во земјата, оваа година тоа го видовме кај повеќе компании, тие го проширија своето производство и го зголемија бројот на вработени, што претставува одличен показател, а и трговската размена бележи рекордна година, за 6 години се има двојно зголемено. Во Северна Македонија работат 200 компании со германски капитал кои вработуваат 20.000 лица, што игра важна улога на пазарот на трудот“.

ПРЕПОРАЧАНО