Бизнис

Николовски: Фармацијата која денес ја поседуваме бара начини за пролонгирање на развојот на појавените болести, но не и трајно решение за нив

Антоние Николовски

генерален директор на МАР МЕДИКА ДОО

Свесни сме за сè побрзиот начин на живот, секојдневните обврски и задолженија, како и намаленото време кое го имаме сè помалку за да се посветиме на самите себе. Поради ваквиот начин на живот, секојдневно сме сведоци на сè поголемиот број на болести кои се појавуваат и стануваат придружен дел од нашите животи. Фармацијата која денес ја поседуваме бара начини за пролонгирање на развојот на појавените болести, но не и трајно решение за нив. Согледувајќи ги сите тие аспекти, како и желбата за подобро утре за сите нас, идејата за бизнисот сама по себе дојде, притоа земајќи ги предвид сите благодети кои ни ги дава медицинскиот канабис.
Секако дека патот за ваквата инвестиција не е лесен поради неусогласените упатства, прирачници и водичи кои ги имаме во државава со останатите држави, па ние мора сами да се снаоѓаме со читање и толкување на светските водичи, како и цената за инвестицијата, која е приближна со фармацијата.


Конкретно до сега, во нашата фабрика, која е на 4 000 m2 основна површина, на два ката со вкупно 8 000 m2, поради инсталација на модерни системи и комплетна автоматика во делот на Агрономија, проектирање и изведба на чисти соби во делот на Производство, со комплетна инсталација на системи во тој дел, проектирање и изведба на две засебни лаборатории за контрола на квалитет, Физичко-хемиска и микробиолошка лабораторија, како и инсталација на системите во нив, вкупната инвестиција нè чинеше околу 14 000 000 евра. И покрај инсталираната автоматика и современите системи, бројот на вработени кој го планираме е околу 50-тина луѓе, што и не е мала бројка во придонесот за вработување и намалување на стапката на невработеност, барем во регионот во кој е лоцирана фабриката.
Се надеваме дека заради приносот во Буџетот во државната каса, кој би го издвојувале од ваквата индустрија, државава ќе изнајде модус, односно начин и решение за поголем и побрз развој на оваа индустриска гранка со некаков си импут и одговор на барањата на инвеститорите, ако не друго барем во поглед на законските регулативи и обврски кои се товарат врз индустријата за производство на медицински канабис. Тоа би значело повеќе нови вработувања, конкуренција на пазарот и производство на квалитетен продукт, односно продукти кои би ги задоволувале сите клинички испитувања и би биле лесно достапни на луѓето за превенција и лечење на болести.


– Локација: Куманово
– Година на почеток на активностите: 2019 година и е сè уште во изградба
– Финансиски резултати по години (вкупни приходи, извоз, нето-добивка): нема
– Број на вработени по години (состојба на крај на година): 9

ПРЕПОРАЧАНО