Бизнис

ЌОТЕК БЕЗ РАЈ

Александар Р.Милетиќ

Преземено со одобрување од српскиот месечник „Бизнис & финансије“

Геополитика и енергетика

Иако континуираниот пад на цената на нафтата лесно може да се објасни со слабото закрепнување на еврозоната и послабиот раст на Кина, несомнено во тек е војна со продолжени средства за кои лондонскиот„Економист“ предупредува дека би можел да ги покоси не само Русија, Иран и Венецуела, туку и моментните победници.
Што да се прави со банкнотите на рубљата во 2015 година? Агенцијата Ројтерс јавува дека ова прашање било пребарувано 1,2 милиони пати во текот на само еден ноемвриски ден во 2014 година на Јандекс, најпопуларниот руски интернет-пребарувач. Во текот на 2014 година рубљата изгуби околу 50% од вредноста во однос на доларот, а федералните власти најавуваат ургентна програма на штедење и замрзнување на платите во јавниот сектор. Во Русија веќе видената трка по девизи се повторува со првите наговестувања на слабост на националната валута, а сите неволји започнаа со стрмоглавиот пад на цената на нафтата и на гасот на светските берзи. Барел нафта, што на почетокот на 2014 година чинеше 110 долари, падна на помалку од 70 долари на почетокот од декември 2014 година со тенденција на понатамошно лизгање надолу.

 

Прочитајте повеќе во печатеното издание

ПРЕПОРАЧАНО