Бизнис

Даути: Очекувавме поголема агилност на институциите во проширувањето на законските можности кои би ни помогнале во намерата да изградиме успешен бизнис

Мерџан Даути

извршен менаџер на ФМ 2017 ДООЕЛ

Во 2017/2018 година интензивно се зборуваше за канабисот како можност за инвестирање во една нова и со голем потенцијал индустрија за која сите светски анализи и предвидувања беа со позитивни конотации и тврдења за експоненцијален раст во текот на наредните години. Исклучителна можност е за инвестирање во бизнис кој се чини дека е со светла и профитабилна иднина, бизнис во кој вреди да се инвестира.

Ние сме странска инвестиција со капитал кој доаѓа од Република Албанија и секако вложените суми би можеле да бидат и поголеми, но сепак мора да се каже дека за тоа мора да бидат оставарени одредени предуслови кои, на почетокот со носењето на Законот за канабис, очигледно не биле земени предвид. Очекувавме поголема агилност на институциите во проширувањето на законските можности кои би ни помогнале во намерата да изградиме успешен бизнис. Мораме да кажеме дека досега само инвестираме, а во исто време и произведуваме висококвалитетен цвет, но законската регулатива не дава сигурен начин да можеме да го пласираме на странските пазари од кои имаме побарувачка. Засега не постои начин да започнеме извоз бидејќи сме ограничени со законските можности кои треба да претрпат подобрувања.
Убедени сме во нашиот избор за инвестирање во канабис индустријата, но конкуренцијата во останатите европски држави оди со брзи чекори напред и затоа потребно е да побрзаме за да можеме да ја задржиме можноста за успех, а со тек на време тој да прерасне во голем успех.


– Локација: Гостивар
– Година на почеток на активностите: 2019 година
– Финансиски резултати по години (вкупни приходи, извоз, нето-добивка): нема
– Број на вработени по години (состојба на крај на година): 25


 

ПРЕПОРАЧАНО