Бизнис

РАЗВОДОТ КАКО РЕДИСТРИБУТИВЕН МЕХАНИЗАМ

Сем Вакнин

Авторот е аналитичар

Кога мажот и жената ќе го завршат својот брак прашањата за заедничкиот брачен имот често се разрешуваат со меѓусебна поделба на имотот создаден и акумулиран од страна на едниот или двата брачни другари во текот на бракот. Како ќе се подели имотот зависи од законот во домицилната земја и од постоењето на предбрачен договор.
Од правен аспект, прашањето е многу комплицирано и бара посебна експертиза што далеку го надминува она што овој автор може да го понуди. Она што интригира е економскиот агол.


Во модерните времиња разводот претставува еден од најголемите трансфери на богатство во аналите на човештвото. Износи на готовина и имот, што прават да изгледа мало она што ОПЕК го имаше на врвот од славата, одат помеѓу сопружниците секоја година. Најголем дел од корисниците се жените. Со оглед на тоа што моќта за заработување на мажите е речиси двојно поголема од таа на жените (во зависност од земјата) – трагата на најголемиот дел од богатството што го акумулирала една двојка води директно кон доходот на мажот. Оттаму разводот претставува трансфер на дел од богатството на мажот кон неговата жена. Со оглед на тоа што кумулативната разлика во доходот со текот на годините е голема, богатството што се трансферира е огромно.

 

Прочитајте повеќе во печатеното издание

ПРЕПОРАЧАНО