Бизнис

"ВРЕМЕ НА ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ"

Саша Грујевски

Авторот е поранешен банкар и активен учесник на финансиските пазари во светот

Доаѓа ли времето на инвестициските фондови?
Зошто инвестициски фондови?

Финансиската интермедијација (посредништво) во Република Македонија, според податоците на НБРМ за 2013 г., има едноставна структура: доминантно учество на банките и на штедилниците со 88,3%; а на недепозитните финансиски институции, каде што спаѓаат пензиските фондови, брокерските друштва, осигурителните друштва, лизинг компаниите и инвестициските фондови, отпаѓаат 11,7%. Во годините од осамостојувањето до денес, овој однос беше уште понагласен во корист на банките.

Задолжителните пензиски фондови заземаат 6.4% од вкупните средства или повеќе од половината од износот што се однесува на недепозитните финансиски институции. Овие посредници во финансискиот сектор кај нас дополнително го зголемија своето учество над 8% во 2014 година. Осигурителните друштва учествуваат со 3,3% во 2013 г. или заедно со пензиските фондови нивното учество изнесува 9,7% во 2013 г. Сите останати учесници партиципираат со само 2% во вкупниот финансиски систем.

 

Прочитајте повеќе во печатеното издание

ПРЕПОРАЧАНО