Lifestyle
Кулинарна уметност во Венето
01.02.2022г.
Уникатен стил, вкусна храна, убаво декорирани коктели и луксузно искуство со италијански шмек. Сето ова може да се искуси во италијанскиот ресторан Венето, лоциран во трговскиот центар Скопје Сити Мол во Скопје.
Нешто што навистина се истакнува во овој ресторан е не само вкусната, туку и естетски убаво сервираната храна. При избор на уникатните деликатеси, специјално и вниматлено подготвени од искусниот тим на Венето, кај љубителите на добрата храна и вистинските гурмани, голема улога игра и начинот на сервирање и декорирање на храната и пијалоците. Овој ресторан посветува големо внимание на врвниот квалитет на храната, но значително е насочен и на визуелниот изглед. Од психолошка гледна точка, луксузно декорирана чинија со изобилство на бои, е нешто кое допринесува значително за максимално уживање и задоволство, посебно кога е во прашањe италијанската кујна.




Боите на секој оброк имаат големо влијание врз расположението. Зелената салата и зелените додатоци на храна како брокула, краставица, авокадо придонесуваат за зголемена креативност на било кое поле, како и балансирана состојба и хармонија на телото и умот. Црвените и темни нијанси како доматот, или биберот, освен што се хранливи и се едни од најпознатите клучни состојки во италијанските специјалитети во Венето, истите исполнуваат со енергија, додека пак жолтата боја кај храната визуелно влијае на зголемена самодоверба, позитивен став и чист ум.
Така наречената „Уметност во чинија” на италијанскиот ресторан Венето во Скопје, може да ја искусите со нарачување на било кој деликатес од нивното мени. Покрај врвниот вкус, уметноста и суштината на декорацијата се забележува и со служење на наједноставниот пијалак во којшто и најситните детали влијаат на естетската привлечност на човечкото око. Ваквата привлечна и вкусна храна има моќ да го разбуди хедонизмот кај секого.
Една од најдобрите одлуки во зимскиот период, е да го посетите Veneto Italian Restaurant во Скопје Сити Мол и да бидете сведок на вкусната храна, пријатниот амбиент и најдобрата услуга.