МОЈАТА ОПШТИНА

Тримчевска: Фокусот е на градење партнерство меѓу граѓаните и општината

Како до подобри услуги за жителите на Општина Аеродром? Можности, ограничувања, предизвици...

Милка Тримчевска, член на Советот од Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“

Општина Аеродром како млада општина изобилува со потенцијали за современо организирана и модерна општина. За подобрување на услугите за жителите во општината фокусот е на градење партнерство меѓу граѓаните и општината базирано на рамноправност и правичност преку отворена соработка при креирањето на локалните политики. Особено е важно да се детектираат реалните потреби и проблеми и понудени решенија преку зајакнување на капацитетите на општинската администрација, пред сè преку дигитализација со цел ефективна и ефикасна интеракцијата со граѓаните. Можности се вклучување на младите во решавањето на проблемите со идеи за побрз напредок. Предизвик е инклузивна општина со еднакви можности на лицата со попреченост преку градење на инфраструктурни капацитети и поддршка, вклучително и социјалните услуги за ранливите категории. Tреба да се развива претприемништво и иновативност во соработка со деловната заедница. За општината е важен рамномерен развој при инвестирање во современо образование, спорт, култура, инфраструктура и поставување стандарди за заштита на животната средина.

ПРЕПОРАЧАНО