МОЈАТА ОПШТИНА

Костовски: Општината треба да го направи паркингот бесплатен за сите жители на општината

Како до подобри услуги за жителите на Општина Аеродром? Можности, ограничувања, предизвици...

Горан Костовски, член на Советот од Политичка партија Левица

Општина Аеродром како најголема општина во Скопје со претежно млади луѓе и млади фамилии треба повеќе да инвестира во образованието на младите во смисла на дигитални вештини со субвенционирање на факултативни предмети од областа на програмирањето и на компјутерскиот дизајн уште во основно образование, што би придонело до забрзан развој на општината на среден и долг рок. Општината исто така треба да го преземе стопанисувањето на паркинзите од Град Скопје по примерот на Општина Центар со сопствено јавно претпријатие и да го направи паркингот бесплатен за сите жители на општината. Општината треба комплетно да го дигитализира делот на работењето со администрацијата со цел жителите побрзо и поефикасно да ги добиваат услугите и документите за минимализирање на човечкиот фактор со цел елиминација на можноста за коруптивно дејствување на општинската администрација. 

ПРЕПОРАЧАНО