МОЈАТА ОПШТИНА

Анастасова: Од особена важност е еднаквоста на сите во слободниот пристап до информации

Како до подобри услуги за жителите на Општина Аеродром? Можности, ограничувања, предизвици...

Валерија Анастасова, член на Советот од Коалиција на ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“

Општина Аеродром, според бројот на жители, е една од најголемите општини во градот Скопје и Република Македонија. Како развиена општина ја планира и ја реализира својата мисија со јасно поставена визија − постојана комуникација со граѓаните во општината, подигање на свеста за остварување на целите, унапредување на јавните набавки.
Од особена важност е еднаквоста на сите во слободниот пристап до информации, можностите и придобивките од сите јавни услуги кои ги нуди Општина Аеродром, ставајќи се во функција и на месните заедници.
Општина Аеродром се стреми кон градење партнерство меѓу локалната власт (самата општина), јавните претпријатија и приватниот сектор чија главна цел е постигнување подобра заемна комуникација и развој на општината. Тоа го постигнува преку редовно поднесување извештаи од страна на општината за начинот на работа и трошење на средствата кои се прибираат од даноците кои ги плаќаат жителите на општината.
Со јасно поставена визија и остварување на својата мисија, Општина Аеродром придонесува и за развој на детските градинки и основните и средните училишта, едукација на воспитниот и наставниот кадар и подобрување на условите за работа на воспитно-образовните установи како основа за подобра иднина на новите генерации на општината.

ПРЕПОРАЧАНО