Бизнис

5G иднина со нови бизнис модели

5G нуди огромна можност за иновативни идеи, нови производи и услуги, но и трансформирани бизнис модели. Бизнисите од сите големини ќе можат да ги користат придобивките од петтата генерација на технологија, затоа што 5G не значи само иднина со поголеми брзини на пренос на податоци, туку и иднина со побрзи бизниси.

Зголемена продуктивност
Освен што има потенцијал да создаде сосема нови начини на работа, оваа технологија може и да го олесни развојот на малите бизниси. Заради моќните конекции и малата латентност, уредите коишто ќе се поврзуваат во „облакот“ нема да мора да вршат сложени компјутерски процеси. Ова ќе овозможи да се користат поедноставни уреди коишто се состојат само од екран и батерија. Уредите со мала моќност ќе можат да испорачуваат врвни услуги. Освен тоа, ќе се зголеми и животниот век на батериите на уредите до дури десет пати, што ќе обезбеди значително намалување на трошоците.
Со поголемите брзини и помалата латентност, нестабилните конференциски повици со слаби мрежни конекции ќе станат минато. Висококвалитетните видео повици во движење ќе се одвиваат со леснотија и ќе може да се извршуваат буквално насекаде. Сето ова позитивно ќе влијае на продуктивноста на бизнисите.

Ново доживување за вработените и корисниците
Конекцијата со поголем пропусен опсег до канцеларијата и корисниците ќе ги подобри перформансите на продажите агенти, а Проширената и Виртуелната реалност ќе ги подобрат обуките за вработените коишто ќе се одвиваат на сосема нов и возбудлив начин.
Со помош на Проширената и Виртуелната реалност, корисниците ќе можат да го видат производот виртуелно и од секој можен агол. Тие ќе се движат низ продавниците или производствените процеси без да бидат на самата локација, со што ќе се подобри корисничкото искуство.
Проширената и Виртуелната реалност ќе го достигнат својот вистински потенцијал само со 5G технологијата, по пат на безжична конекција, што ќе го отвори патот кон успехот за компаниите со креативни идеи.
Автоматизација на процесите
Производствениот и логистичкиот процес сè повеќе ќе се автоматизира и ќе може да се следи во реално време. Во фабричките хали ќе бидат вклучени автономни роботи коишто ќе можат да реагираат веднаш на секој непредвиден настан, како во процесот на производство и контрола на квалитетот, така и во логистичкиот дел. Во земјоделството ќе може да се користат сензори за да се следи и регулира наводнувањето или ѓубрењето – според конкретните услови.
Од ефикасно управување со производството од далечина до следење на залихите во складиштата и забрзување на испораките до клиентите, Интернетот на нештата, којшто работи на 5G, ќе им помогне на бизнисите да ги решат проблемите со кои тие се соочуваат. Целосната автоматизација и автономност на овие процеси ќе доведе до поголемо производство, поголема конкуренција и поголема ефикасност од секој аспект.

Нови деловни можности
Новата технологија секогаш носи нови идеи. 5G ја отвора вратата за креирање нови производи и услуги, но и за трансформација на деловните модели и создавање сосема нови бизниси. Сепак, за целосно да се искористат придобивките, потребна е подготовка преку: дигитализација на процесите, користење „Облак“ (Cloud), заштита на податоците (особено за малите бизниси коишто се честа мета на сајбер напади) и слично. Иако пред само неколку години оваа технологија и трансформацијата којашто таа ќе ја направи се чинеа како далечна иднина, наскоро ќе можеме да ја користиме.

Колку сме подготвени за 5G
И покрај тоа што воведувањето 5G е сложен процес којшто подразбира големи технолошки и инвестициски зафати, ние не сме исклучок од европските и светските трендови. Македонски Телеком ги почна првите тестирања и подготовки уште во 2018 година, а годинава веќе ја шири мрежата на целата територија. 13 градови се покриени со 5G мрежа, а се планира да се покријат сите поголеми урбани средини. Иако користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено, во текот на наредните неколку години, секојдневниот живот, бизнисите и светот каков што го знаеме целосно ќе се сменат.

ПР текст

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано