Бизнис

Мирчев: 2022 година е година на 5Г

Што очекувате од 2022 година?

Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија

Гледано од наша перспектива, од компанија која е во телекомуникациската индустрија, 2022 година е година на 5Г. Во овој момент се одвива постапката за набавка на фреквенции за 5Г и очекуваме веќе на почетокот на годината да ги обезбедиме потребните фреквенции за пуштање на 5Г за комерцијална употреба. Во меѓувреме, заедно со нашиот добавувач на опремата интензивно работиме на поставување на мрежата на повеќе локации со цел што поскоро и што повеќе корисници да имаат можност да ги користат придобивките од 5Г. Секако, во план е до крајот на годината поголем дел од територијата на Македонија да има покриеност со 5Г мрежа.
Од друга, малку поширока перспектива гледано, 2022 година ќе биде година полна со предизвици.
Развојот на настаните наметна екстремна економска непредвидливост и големи раздвижувања на светската макроекономска сцена, кои се прелеваат и локално. Енергетската криза и инфлацијата, ќе ги почувствуваме во сите сегменти од економијата, а не се исклучок ниту телекомуникациите.
Но, јас сум оптимист и сум сигурен дека со нашата компаниска стратегија за 2022 година, А1 Македонија ќе успее не само да ја заврши годината со позитивни резултати, туку и дека ќе ја задржи лидерската позиција на пазарот и во 2022 година.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано