Бизнис

Борозанов: Нашата визија за почист и поздрав свет никогаш не била позначајна

Што очекувате од 2022 година?

Боријан Борозанов, директор на Џонсон Мети Македонија

Годината 2022 ќе биде уште една година на рапидни промени. Треба да прифатиме дека единствена константна работа во светот е потребата од промени и покрај нашите желби за стабилизација. Начинот на кој се справуваме со промените ќе биде степен на нашата индивидуална и колективна успешност.
Сè повеќе станува јасно дека ефектите од ковид пандемијата ќе имаат продолжено дејство на здравствен, социјален и економски план со различен тип на предизвици од тоа што го гледавме до сега. Критично ќе е балансирањето на овие три димензии во насока на креирање на вредност и економски раст, особено во ситуација на крајно волатилни синџири на доставување, зголемени геополитички ризици и промена на пакетите на економскиот стимулус на глобално ниво.
Џонсон Мети Македонија ќе продолжи со силни инвестиции во знаења и трансформација во агилна и customer-centric организација базирана на транспарентност и високи перформанси. Нашата визија за почист и поздрав свет никогаш не била позначајна. Верувам во нашиот тим и сигурен сум дека ќе испорачаме зголемена продуктивност и ќе креираме траен импакт за нашата заедница.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано