Бизнис

Кроневски: Создадени се услови за пресврт и масовна примена на електронската идентификација на граѓаните без физичко присуство

Што очекувате од 2022 година?

Васко Кроневски, главен извршен директор – Nextsense

Промените во начинот на работа предизвикани од пандемијата направија поттик на процесите на дигитализација и ја покажаа подготвеноста на ИТ да го поддржи бизнисот со решенија и алатки за дигитално работење. Во годината што доаѓа очекувам силно поместување на тежиштето на корисничко услужување кон дигитално како доминантен начин на соработка. Во изминатите две години инвестиравме во развој на нови иновативни софтверски производи и услуги кои ги претставивме на домашниот и глобалниот пазар. Очекувам новата услуга за електронска идентификација OneID да заземе централно место во овозможувањето на нови и иновативни дигитални услуги. OneID e прва македонска услуга за електронска идентификација според регулативата EU еIDAS која овозможува онлајн идентификација на корисници преку мобилен уред со високо ниво на доверливост. Создадени се услови за пресврт и масовна примена на електронската идентификација на граѓаните без физичко присуство и примена за сите услуги кои ги обезбедуваат банките, осигурителните компании, телеком операторите и државните институции.
Дополнително очекувам 2022 година да биде година на иновации. Нашата земја има конкурентен интелектуален и експертски капацитет кој треба да се поттикне и да се поддржи за да направиме значаен исчекор на глобалната ИКТ-сцена.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано