Бизнис

Адемоски: Оваа година сум малку повеќе лично мотивиран да размислувам и посакувам во следната година пред сè сите да се здрави

Што очекувате од 2022 година?

Ајдован Адемоски, бизнисмен

Од економска гледна точка посакувам и очекувам пред сè стабилизација на политичката сцена во нашава држава, односно стабилен политички естаблишмент кој со полна пареа во текот на својот мандат би ја реализирал својата политичка програма. Посакувам и очекувам државава со своите механизми да не дозволи инфлацијата да ги надмине критичните нивоа кои би довеле до сериозно зголемување на трошоците, очекувам да се стабилизира состојбата со електричната енергија и останатите ресурси кои ни се неопходни во нашето секојдневие. Се надевам дека конечно нашава држава ќе ги започне преговорите со Европската Унија бидејќи навистина како држава го заслужуваме тоа и овој народ има потенцијал во кој јас искрено верувам. Се радувам што нашава држава има партнери и вистински безрезервни пријатели кои историски секогаш ни даваат поддршка на сите полиња, особено Турција, и сум убеден дека за некоја година таа ќе го земе приматот на најголем странски инвеститор во Република Северна Македонија. Благодарен сум на мојот тим без чиј напор, истрајност и професионалност не би ги пребродил овие тешки времиња. Посакувам да ја имаат истата енергија и елан за работа како и досега. Секому добро во новата година и крај на оваа пандемија.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано