Бизнис

Мизо: И покрај сè, автомобилската индустрија во Европа ќе генерира умерен раст од дното постигнато во 2021 година

Што очекувате од 2022 година?

Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“

Крајот на 2021 година не носи со себе и крај на глобалните предизвици кои ќе продолжат и во 2022 година: глобална инфлација и регионално зголемување на каматните стапки, која, сепак, се очекува да се ублажи кон крајот на годината, несигурност во синџирите на доставувачи и ризик во целост да се задоволи побарувачката, ковид-19 ефекти итн.
И покрај сè, автомобилската индустрија во Европа ќе генерира умерен раст од дното постигнато во 2021 година. Костал Македонија е добро позициониран на бранот на електрификација за имплементирање на нови проекти и достигнување на оптимум на постоечките и влегување во Клубот 100 – извоз од над 100 милиони евра на годишно ниво.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано