Бизнис

Наумоски: Се надеваме дека локалните одлуки и решенија ќе бидат конструктивни и во насока на олеснување на овој тежок период за сите

Што очекувате од 2022 година?

Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка

Наспроти сите напори и вложувања за да обезбедиме една мирна година, сепак последниве случувања на глобалните пазари и на домашниот пазар ни навестуваат дека пред нас ни претстои една неизвесна и тешка година. Единственото нешто за кое со сигурност можеме да го очекуваме е турбуленции на берзите, посебно на берзанските суровини, но и на енергенсите.
Витаминка има воспоставено пракса за предвремена набавка на големи количини суровини со кои го гарантираме континуираното производство и ја одржуваме цената стабилна на подолг период. Ваквата практика и овој пат ни помогна, но од друга страна, следната набавка на суровини очекуваме да биде со многу повисока цена затоа што домашните цени се замрзнати, додека берзанските растат. Сето тоа ќе се рефлектира и врз нашите влезни вредности и тоа со голем раст на трошоците. Затоа мислиме дека моменталното замрзнување на цените може да има и повратен ефект.
Откако изминатава година ја посветивме на адаптации и прилагодување на 100 % оперативност и во тековните услови, следната година е справување со економските последици предизвикани од здравствена и енергетска криза. Се надеваме дека локалните одлуки и решенија ќе бидат конструктивни и во насока на олеснување на овој тежок период за сите, граѓаните, компаниите, производителите.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано