Актуелно

Економија и бизнис | број 279 | ноември 2021г.

Во ноемврискиот број ќе читате...


Мега интервју со Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк: Одржување и инвестирање во домашното производство како главен фокус на работењето на Бимилк во 2022 година 

Освен што бараме поддршка од државата, како млекопреработувачи треба и ние час поскоро да ги ангажираме сите внатрешни и надворешни кадровски и технички ресурси...


Интервју со Мајкл Чкламовски, претседавач на Управниот одбор на Македонија2025 и управен директор на канадската CIBC Bank USA во Сан Франциско: Дигитализацијата е најблиску до магичното стапче за забрзан развој на економијата

Силно веруваме дека приоритет за нашава земја и за регионот е дигитализацијата и развивањето на дигиталните вештини на граѓаните, на компаниите и на владите бидејќи ова…


Интервју со Тихомир Јанчовски, писател: Читањето ја вежба мислата

Читачката култура во Македонија, за жал, е на очајно ниво. А без култивирање на мислата, преку читањето, нема ни култивираност на личноста, па денес имаме цела ергела на луѓе со пари, а без соодветна култура, кои изгледаат како карикатури.


Интервју со Филип Јовановски, визуелен уметник: ДРАГА РЕПУБЛИКО Е СЛИКА КОЈА СЕ ДВИЖИ И РАСКАЖУВА

Претставата беше колективно искуство во простор кој зборува, а нема текст. 


Владимир Филиповски: НОБЕЛОВЦИ ПО ЕКОНОМИЈА ЗА 2021 ГОДИНА

Придонесот на нобеловците по економија за 2021 година е во иновирање на научно-методолошкиот пристап при истражувањето на причинско-последичните врски во економијата преку употребата на т.н. „природни експерименти“ во истражувањето на некои од клучните економски прашања и проблеми.


Маја Кадиевска Војновиќ: Инфлацијата во фокусот 

Во последниве неколку месеци се разгореа дискусиите и стравувањата за инфлацијата како во светски рамки, така и кај нас дома. Анализите и дискусиите се насочуваат...


Дејан Азески: Во секоја наредна економска криза повторно се присетуваме на Маркс 

Економската криза која неминовно ни чука на врата и сè почестото споменување на теориите на Карл Маркс во западните медиуми ме инспирираа уште еднаш да го проанализирам творештвото на овој мој омилен историски лик.


Гордан Георгиев: Локални избори: експлозија на вкусови и комерцијализација на злото 

Всушност, мала е сатисфакцијата дека сте победиле само и само затоа што другите изгубиле. Тоа не е триумф, и добро е што е така. Таа празнотија мора да се пополни со нешто.


Драган Тилев: Излез од тунелот или лавиринт без излез

Западниот Балкан е важен за Европската Унија во целина исто како што Европската Унија е важна за Западниот Балкан.


Квартален економски монитор − проекции кв. 3 2021: Македонија 2025 прогнозира: Растот на БДП во кв. 3 2021 ќе биде меѓу 1,5 % и 3,5 %


Илија Попјанев: Дали хибридниот модел е новиот стил на организациско работење?

Хибридното работење изгледа различно за секоја компанија, но генерално се состои од работење три дена во неделата во канцеларија и два дена онлајн и се наметнува како нов тренд широко прифатен од голем број светски корпорации како нов стил на работење.


Димитар Фуна: Индустрија на приватен капитал – што е, како функционира и зошто е значајна и за Македонија?

Цигари, колачиња и 24 милијарди долари, што може да тргне на лошо?


Драган Илкоски: Инвестирање во услови на повисока инфлација 

Поради можноста македонските резиденти преку НЛБ Банка да тргуваат на сите светски пазари, евидентен е и зголемениот интерес за овие услуги, уште повеќе поради огромните инвестициски можности кои тие ги нудат, како и потребата за поширока диверзификација на портфолијата.


ТОП 20 од 20: Кој е кој во... пекарската индустрија – топ 20 компании за производство на пекарски производи и тестенини во земјава

Квалитетно и безбедно производство е клучно во пекарската индустрија


ТОП 20 од 20: Кој е кој во...  индустријата за производство на пијалаци – топ 20 компании за производство на освежителни пијалаци; производство на минерална вода и друга флаширана вода во земјава

Ковид 19 кризата силно ги погоди производителите на освежителни пијалаци и на вода


Дарко Булдиоски: Да ми препорачаш дете за дигитал да ми работи!

Понудата и побарувачката на пазарот за труд се менува, ама сите треба активно да ја прифатиме моменталната состојба и да работиме за да ја подобриме. 


Мирослав Саздовски: Фејсбук го најави МЕТАВЕРС

Нова реалност базирана на старата матрица (The Matrix)


Љупчо Поповски: Ерик Земур – „интелектуалниот Трамп“ ја фасцинираше и ја подели Франција

Тој е екстремно популарен телевизиски водител, тој е брилијантен полемичар, тој е автор на неколку книги кои се бестелери, во кои пишува за враќањето на француската големина; тој ја презира визијата на Америка, а ги прегрнува идеите на Трамп. Но, тој е и елегантен отворен расист кој бара муслиманските семејства во Франција да не им даваат исламски имиња на нивните деца; тој е огорчен притивник на феминизмот и бара Франција да ја напушти Европската Унија.


Ивор Мицковски: Растот на Кина се успорува

Совпаѓањето на успорениот кинески раст со провокациите за Тајван говорат и за едно ново сценарио: Кина може да стане повоинствена во потрага по решенија и да почне да ја извезува својата криза во облик на воени тензии. Кина која се успорува може да претставува огромен проблем за светот.


Сузана Камберова: ГУЛАБИЦА

Крикот замре во ноќта. Тој гледаше наоколу. Девојката ја немаше. Површината на езерото беше мирна. Почна вознемирено да ја довикува. Никој не одговори. Нурна во водата. Под површината беше темно и ништо не се гледаше.
Се врати до чамецот и зеде батерија. Но, сè беше залудно. Таа исчезна без трага.


Ѓорѓи Јаневски: Дете на глуви родители  

Комуникација.


Убава Македонија: ЦАПАРСКО ПОЛЕ


Сето ова, како и други содржини, на 120 страници, за 150 денари, во најблиската трафика.

ПРЕПОРАЧАНО