Lifestyle

Економија и бизнис | број 278 | октомври 2021г.

Во октомврискиот број ќе читате...


Мега интервју со Проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент: Универзитетот за туризам и менаџмент креира стручни кадри потребни за бизнис-секторот 

Фактот што од преку 25 000 универзитети во светот само 98 од нив ги исполнија строго пропишаните критериуми да се стекнат со TedQual диплома, меѓу кои и УТМС, доволно говори за нашиот успех и квалитет во светски рамки.


Интервју со Воислав Гениќ, генерален бизнис-менаџер во САП Западен Балкан (SAP West Balkans): СИСТЕМИТЕ САП – ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС

САП е број еден во светски рамки во индустријата на деловниот софтвер и еден од лидерите во индустријата за дигитализација….


Интервју со Коста Костадиновски, основач на Капитал Ассет Менаџмент: Вложувањето во акции носи сериозно високи стапки на добивка

Друштвото Капитал Ассет Менаџмент, согласно Законот за хартии од вредност, самостојно ќе работи на инвестициско советување, a посредно ќе управува со портфолија на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент. 


Зоран Јовановски: Кога навидум невозможното ќе стане возможно

Она што за мене е многу важно е дека преку примерот на оваа книга се покажа дека идеолошките разлики коишто постојат меѓу нас не се пречка за меѓусебно комуницирање. Можеме меѓусебно да комуницираме, да разговараме за важни прашања,...


Гордан Георгиев: Македонија во пет слики (1991−2021) 

Она што денес е јасно повеќе отколку вчера е дека на Македонија не ѝ одговара внатрешен конфликт. Ова е јасна придобивка од Преспанскиот договор и нашето членство во НАТО ...


Дејан Азески: ДА СЕ РЕАЛИЗИРАА БАРЕМ ДЕСЕТ 10 % ОД ПРЕДИЗБОРНИТЕ ПРОГРАМИ ВО ОВИЕ 30 ГОДИНИ − ДОСЕГА ЌЕ БЕВМЕ ШВАЈЦАРИЈА 

Со оглед дека се наоѓаме пред нови локални избори на кои традиционално најмногу се ветува и се лаже, време е да се потсетиме на сето она што е ветено, а неисполнето од политичарите во последниве 30 години. Да се потсетиме...


Маја Кадиевска Војновиќ: Македонската економија во три декади на независност − пет рецесии  

Македонската економија во својата историја како независна држава помина низ пет економски кризи под влијание на економски и неекономски, надворешни и внатрешни шокови. И покрај тоа што независноста на Македонија...


Горан Петревски: На дното – за „македонцките“  универзитети (втор дел)

На нормалните универзитети се станува професор само на еден начин – во периодот од пет години професорот мора да објави неколку трудови во списанија кои ќе бидат однапред наведени.


Драган Тилев: На Исток ништо ново. Чекор напред, чекор назад?

Не смееме да заборавиме дека процесот на интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија е двонасочна улица.


Александар Матески: ДИРЕКТНИОТ МАРКЕТИНГ И ЗАШТИТАТА НА ПРИВАТНОСТА

Колку пати сте добиле рекламна порака по електронска пошта без воопшто да сте се согласиле на тоа, да сте побарале понуда, каталог и слично? Сте купиле производ или сте учествувале во наградна игра и сега сте бомбардирани со информации кои не ве интересираат.


Марио Чобанов: ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА СИНЏИРИТЕ НА СНАБДУВАЊЕ ВО ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНИ ПРОМЕНИ

Борбата за опстојување и одржливоста на пазарот стана и компаративна предност, па така автомобилската индустрија оваа година презема акции за обезбедување на глобална електронска продажба на автомобили. Клучната област за развој...


Катерина Бошевска: Промени за подобро

Минатата година успеавме да им помогнеме на околу 2 000 наши сограѓани и со нашите напори и консултации го направивме нивниот свет подобар, свет без долгови


Прилог за Општина Пласница во рамки на проектот МОЈАТА ОПШТИНА - ФИНАНСИИ, РАЗВОЈ, ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ

- Интервју со Алија Јаоски, градоначалник на Општина Пласница
- Анализа на буџетот на општината
- Ставови на членови на Советот на општината
- Ставови на претставници на бизнис заедницата


ТОП 20 од 20: Кој е кој во...  винската индустрија во Македонија – топ 20 компании за производство на вино во земјава

Само со воведување на светски стандарди може да се спасат лозарството и винарството во  земјава


ТОП 20 од 20: Кој е кој во... месната индустрија– топ 20 компании за преработка и конзервирање на месо во земјава

Намaлени приходите кај најголемите домашните месни компании


Мирослав Саздовски: 10 години викенд медија фестивал,

Крајот на септември во индустријата за комуникации, барем онаа од регионов, редовно е резервирана за Ровињ и традиционалниот Викенд медија фестивал (Weekend Media Festival). Јубилејно, оваа година по десетти пат,...


Лидија Георгиева: 30 години македонска мода

ЕКСПО 30 ВО МСУ ПОКАЖА ДЕКА МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНА МОДА СЕ РАЗВИВА И ПОСТОИ


Сузана Камберова: ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА XXI ВЕК 

Секое човеково право започнува со слобода како предуслов за исполнување. А секоја слобода почнува со себеослободување. Постои разлика меѓу слободен човек и оној кој мисли дека е тоа.


Ѓорѓи Јаневски: АНЕТ  

Кон последното остварување на Лео Каракс.


Убава Македонија: ПАПРАДИШТЕ И СОЛУНСКА ГЛАВА


Сето ова, како и други содржини, на 120 страници, за 150 денари, во најблиската трафика.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано