Бизнис

Македонија2025 со поддршка на младите девојките во технологијата

15.09.2021г.

Македонија 2025, во партнерство со Фондацијата Ана и Владе Дивац – Србија и Women In Tech Macedonia, ја претставува својата нова програма „SТЕМ IT like a girl„ или „СТЕМувај како девојка„.

Програмата има за цел да ги мотивира и поддржи младите девојки за избор на образование и кариера во некоја од областите на СТЕМ (Science, Technology, Engineering and Mathematics). Учеството во оваа програма ќе допринесе за да се намали јазот во образованието на младите жени и мажи, да се намали професионалната сегрегација на жените во ниско-платени занимања и професии со мали можности за напредување и дека ќе се намали стереотипната поделба на „машки„ и „женски„ професии. На тој начин ќе се намалат и родовите разлики на пазарот на труд (активност, вработеност и плати) и жените ќе имаат поголема улога во економскиот развој и поголема економска независност.

Очекувани резултати од проектот се: подигање на свеста на младите девојки за СТЕМ кариерите, зголемување на бројот на потенцијални студентки во високообразовните институции во СТЕМ областа, намалување и запирање на одливот на мозоци, како и моделирање на кадар кој е високо побаруван на пазарот на труд со вештини, искуство и барање. Главните корисници на програмата се младите девојки/жени од основно образование (8мо и 9то одделение), средно образование и факултет.

Ги повикуваме сите заинтересирани жени со успешни кариери во некоја од СТЕМ областите да се вклучат во реализација на програмата и мотивирање и поддршка на младите девојки преку споделување на сопствените успешни приказни и искуства. За таа цел, следете го следниов линк и станете дел од кампањата „Ајде да инспирираме повеќе девојки во СТЕМ„.

Oсновното и средното образование се клучни при насочување и поттикнување на учениците во изборот на понатамошно образование и кариера. Токму затоа, ги повикуваме и заинтересираните директори/ки и наставници/чки од основно (8-мо и -9-то одделение) или средно образование кои би сакале програмата да се спроведува во нивните училишта да не контактираат на следниот мејл stemgirl@macedonia2025.com.

Програмата „SТЕМ IT like a girl„ или „СТЕМувај како девојка„ е делумно поддржана од Владата на Република С. Македонија.

Повеќе за програмата „SТЕМ IT like a girl„ или „СТЕМувај како девојка„ може да погледнете тука.

ПРЕПОРАЧАНО