Бизнис

ЕОЅ Матрих Македонија и во услови на криза ги следи стандардите за квалитет

блиц Македонија

ЕОС Групацијата по 17 пат со А-рејтинг.

Корона кризата не го доведе во прашање квалитетот во работењето на Групацијата ЕОС која, и покрај сите предизвици, по 17 пат е рангирана со А-рејтинг од страна на реномираната Агенција за проценка на кредитоспособност Еулер Хермес. Оцената е резултат на високото ниво на приходи, изразената стабилност, како и долгогодишното искуство во нудењето на финансиските услуги, процена и наплата на нефункционалните кредити. ЕОС и за време на корона кризата се задржа на стабилно ниво, а со тоа се позиционираше високо на европскиот пазар.
ЕОЅ Матрих Македонија придонесува кон овој рејтинг така што следејќи ги трендовите за квалитет успешно ја помина пред неполн месец надзорната ревизија за стандардот ISO 27001:2013 кој, пак, утврдува дека организацијата продолжува со почитувањето на ISO-стандардите и дека системот со кој се управува со безбедноста на информациите во компанијата функционира. ЕОЅ Матрих Македонија исто така беше успешно ресертифицирана со ISO 20000:2018 во управувањето со IT-услугите.
Следната година ЕОЅ Матрих Македонија ќе воведе нов дополнителен стандард, планирано е да се сертифицира со ISO 9001:2015 и со тоа останува верна и посветена на нудење квалитет на своите клиенти и во услови на криза.

ПРЕПОРАЧАНО