Бизнис

Над две милијарди долари од Фајзер за преземањето на Трилиум

блиц свет

Фајзер (Pfizer Inc.) и Трилиум (Trillium Therapeutics Inc.) објавија дека компаниите склучиле конечен договор според кој Фајзер ќе ја купи компанијата која развива иновативни терапии за третман на рак. Според условите на договорот, Фајзер ќе ги купи сите преостанати акции на Трилиум кои не се во негова сопственост по договорена цена од 18,50 долари по акција за што компанијата ќе треба да одвои 2,26 милијарди долари. Ова претставува премија од 118 % за просечната пондерирана цена за Трилиум во последниве 60 дена. Портфолиото на Трилиум вклучува истражувачки и развојни програми за биолошки производи дизајнирани да ја подобрат способноста на вродениот имунолошки систем на пациентите да ги открие и да ги уништи клетките на ракот. Минатата година Фајзер веќе инвестираше 25 милиони долари во развојна програма на Трилиум, а според најавите на компанијата, по преземањето Фајзер ќе обезбеди дополнителни половина милијарда долари за развојните програми на Трилиум. Одлуката за преземање најпрво мора да ја одобрат две третини од акционерите по што зелено светло ќе се бара и од правосудните и регулаторни тела. 

ПРЕПОРАЧАНО