Бизнис

Акцелераторот УКИМ го објави повикот за Акцелераторска програма (BAU APA2021) за поддршка на напредните стартапи и брзорастечките компании

Акцелераторот УКИМ го објави повикот за Акцелераторска програма (BAU APA2021) за поддршка на напредните стартапи и брзорастечките компании кои се подготвени да го освојат глобалниот пазар.  BAU APA2021 е програма креирана за да генерира ново знаење и да ги претвори иновативните решенија на стартапите во профитабилни бизниси. Над 10 реномирани глобални експерти ќе бидат вклучени како ментори, додека секоја недела успешните стартапи ќе ги споделат своите приказни, успеси и неуспеси со 15-те избрани стартапи во период од 8 интензивни недели.


 

Програмата BAU APA2021 ви нуди:

(1)    Обука од глобални експерти;

(2)    Искуство од успешни стартапи;

(3)    Професионално менторство;

(4)    Мрежа на контакти;

(5)    Можности за финансирање од БАУ

(6)    Континуирана поддршка.

 

Програмата ќе трае осум недели и ќе биде поделена на два дела:

(1)    Прв дел: работилници за поддршка на развојот на 15 стартапи (Октомври):

ПРВА НЕДЕЛА: ВАЛИДАЦИЈА НА ВРЕДНОСТА НА ВАШИОТ ПРОИЗВОД

ВТОРА НЕДЕЛА: ПАЗАР, КОНКУРЕНЦИЈА И КЛИЕНТИ

ТРЕТА НЕДЕЛА: ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И ЦЕНОВНА ПОЛИТИКА

ЧЕТВРТА НЕДЕЛА: БИЗНИС ПЛАН И ФИНАНСИСКИ ПРОЕКЦИИ

(2)    Втор дел: Адаптирани менторски сесии за избраните 3-5 стартапи кои покажаа најдобар потенцијал (Ноември).


Ќе бидат организирани два демо дена (3 ноември и 15 декември), што ќе му овозможи на секој стартап да го претстави својот напредок и потенцијал пред меѓународните и локалните ментори и инвеститори.

Сè на сè, оваа програма е фантастична можност за напредните стартапи и брзорастечки компании да научат од реномирани глобални лидери за технологии и бизнис.

За повеќе информации посетете ја веб страницата: https://accelerator.ukim.mk/APA2021 и поднесете ја вашата апликација најдоцна до 12 септември.


Во продолжение разговараме со г. Кејт Ипел, од Спринг Активаторот од Ванкувер, Канада, кој оваа година е дел од Акцелераторската програма на Акцелератор УКИМ.

Со повеќе од 25 години искуство како лидер во технологијата и влијанието на бизнисите, Кит Ипел го забрза растот и на малите и на големите компании и собра над 80 милиони американски долари во инвестиции од бизнис ангели и ризичен капитал. Како глобален главен говорник, предавач и советник, тој има неспоредлива способност да соработува со претприемачи, вработени и инвеститори за развој на бизниси и промена на светот.    

 

 1. Господин Ипел, која ќе биде вашата улога во акцелераторската програма BAU APA2021 и која беше вашата мотивација да се вклучите?

Мојот фокус во програмата е поддршка на стартапите во развивање на нивните стратегии за продажба, маркетинг и утврдување на цените. Возбуден сум што ќе се приклучам на програмата бидејќи сега е можноста да се развие живописен иновативен екосистем во Северна Македонија, поттикнат од стартапи и капитал со висок раст.

2. Зошто се важни овие акцелераторски програми и кои се бенефитите од нив за стартап компаниите?

Акцелераторскит програми се клучни за да им помогнат на стартапите да го отклучат растот. Преку обука, менторство и пристап до контактите кои ги има воспоставено Акцелераторот УКИМ, стартапот може да расте побрзо, да ги зголеми приходите, да пристапи до нови пазари и да ја добие потребната помош за да успее.

3. Ве молиме да споделите со нас некои остварувања и успеси на Спринг Активаторот од соработка со стартапи?

Досега поддржавме повеќе од 1.500 основачи и над 500 бизниси и им помогнавме на компаниите да соберат повеќе од 28 милиони американски долари во капитал во рана фаза. Работевме во повеќе од 45 заедници низ целиот свет.

4. Кажете ни кои се трендовите сега во развиените стартап екосистеми и како тие може да бидат корисни за екосистеми во развој, каков што е македонскиот?

Иновативните екосистеми се способни да ги поддржат компаниите од идеја до раст, со пристап до поддршка, обука, менторство и капитал во секоја голема фаза од развојот. Северна Македонија има можност да го забрза овој процес со поддршка на сегашната генерација на стартапи и да ги постави основите за идните стартапи и компании.

 5. Зошто стартапите треба да бидат дел од BAU APA2021?

Акцелераторската програмата на Акцелераторот УКИМ е клучен чекор за раст, бидејќи стартапите излегуваат од кризата и растот на Ковид, се прошируваат на нови пазари и обезбедуваат соодветно финансирање за да го поттикнат овој раст.

Линк до видео обраќање: Accelerator UKIM (loom.com) 

 


Со оваа програма се бара посветен тим од најмалку двајца членови со иновативна идеја и глобална визија за раст, со професионално искуство до 5 години, со минимум 51% македонска сопственост и со дефинирана интелектуална сопственост, кои се заинтересирани за: (1) тренинг од глобални експерти, (2) искуство од успешни стартапи, (3) професионално менторство, (4) мрежа на контакти, (5) можност за инвестирање од БАУ до 100.000 € и (6) постојана поддршка.

Програмата овозможува поврзување на стартапите со искусни ментори и успешни регионални и глобални стартапи и е подготвена во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР a е финансирана од Луксембург за Западен Балкан преку Фондот за поддршка на малите бизниси на ЕБОР (EBRD Small Business Impact Fund). Други донатори се: Италија, Јапонија, Кореја, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Тајван Бизнис - Фондот за техничка соработка на ЕБОР (TaiwanBusiness- EBRD Technical Cooperation Fund)  и САД.

Акцелераторската програма, вклучително работилниците и менторските сесии, ќе се одржуваат онлајн (предмет на промена според тековните протоколи COVID-19 за јавен собир).


 

ПРЕПОРАЧАНО