Актуелно

Економија и бизнис | двоброј 275/276 | јули/август 2021г.

Во летниот двоброј (јули/август) ќе читате...


Мега интервју со Георг Бухер, Претседател на Надзорен одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје и член на Управен одбор на Штаермеркише Шпаркасе Банка Грац: ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА Е СЕГА НА ЧЕТВРТАТА ПОЗИЦИЈА НА БАНКАРСКИОТ ПАЗАР 

Тука сме од 2007 година и ќе останеме и во иднина..


Интервју со Н. Е. Рут Стјуарт, aмбасадор на Австралија: Важно е да се користат парламентарни и демократски процеси за да се направи обид да се решат проблемите

Станувањето членка на НАТО во 2020 година беше стратешко достигнување, но и демонстрација на посветеност.


Интервју со д-р Сеад Зејнел, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза: Менаџментот во време на пандемија – лични искуства и поуки!  

Пандемијата му одржа на човештвото многу лекции кои треба да ги запаметиме и без многу одложување, со храбри и енергични чекори, треба да се работи на нив.


Интервју со Пламен Цеков, претседател на Бордот на директори на Скеил Фокус: Канцеларијата на Скеил фокус во Скопје е најбрзорастечка во регионот

Навистина е предизвик да се откријат таленти кои своето знаење ќе го насочат во иновации за проекти кои ги работиме за клиенти од целиот свет.


Интервју со Игор Николовски, генерален менаџер на Симфони дигитал Скопје: Веќе 15 години работиме со водечки светски компании и најамбициозните стартапи од Силиконската долина

Развојниот центар во Скопје, заедно со инженерите од другите развојни центри на Симфони дигитал, е акцелератор на развојните процеси, односно нашите тимови во Скопје работат на развој на софтверски решенија за сите наши светски клиенти, започнувајќи од поставување на архитектурата до целосна испорака на продуктот/услугата.


Интервју со Дидие Дешамп, директор на Националниот театар за танц „Шајо“, Париз: ТАНЦОТ ЗБОРУВА ЗА СВЕТОТ

Нашата Рисима Рисимкин на официјалната програма на „Шајо“ во 2022 г.


Анита Блажевска, Борис Димов, Зоран Јолевски: Хармонизација на царинските стапки со ЕУ за одреден број тарифни броеви по барање на стопанските комори – анализа на ефектите врз македонската економија

Ако се земе предвид дека во рамките на истражувањето кое e спроведено во текот на април−мај 2021 година 79 % од анкетираните компании одговориле дека хармонизирањето на царинските стапки ќе придонесе кон зголемување на производството...


Гордан Георгиев: Јазикот треба да се „полева“ 

Без територија речиси и да нема нација, но кога по историска вертикала територијата ви е постојано оспорувана, и конечно извојувана, јазикот е тој што ја чува меморијата и кохезијата, каде и да сте.


Драган Тилев: Патот до членство во Европската Унија минува низ Брисел...

За мене нема дилема што и како понатаму. Патоказот покажува кон Брисел. Тоа што во моментов 26 земји членки и Европската комисија се гласно за почеток на пристапните преговори со нас ја прави политичката клима поповолна во однос на минатиот декември.


Камиј Фон Ловис оф Менар, Жозе Лопез, Доминик Отберг: Француската агенција за развој и енергетската ефикасност

Поддршката што ја дава оваа програма може да се прошири и на приватниот сектор преку кредитни линии наменети за банки во државна сопственост, кои потоа ќе нудат заеми за компании и домаќинства преку финансирање на проекти за енергетска ефикасност (реновирање станови, канцеларии и трговски објекти, индустриски или земјоделски згради итн.).


Маја Кадиевска Војновиќ: Дали македонското општество е подготвено за „новото“ дигитално време? 

Новата реалност покажа дека има услови за поголема дигитализација во финансиите, за поголема е-продажба на фирмите, за поголема едукација, тренинг и посета на онлајн курсеви, како и за иден подинамичен развој на е-здравството.


Антонета Манова Ставреска: АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА ЗА КОМПОНЕНТИ ВО С.МАКЕДОНИЈА 

Во глобален контекст, автомобилската индустрија во Македонија е дел од европскиот периферен автомобилски регионален синџир на вредности, кој вклучува околу 13 земји од Централна и Југоисточна Европа, Северна Африка и Блискиот Исток[3]. Крајниот пазар за производите (автомобилите) од овој синџир е Западна Европа, што објаснува зошто земјите од Западна Европа, а особено Германија, имаат толку големо учество во извозот на Македонија.


Прилог за Општина Велес во рамки на проектот МОЈАТА ОПШТИНА - ФИНАНСИИ, РАЗВОЈ, ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ

- Интервју со Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес
- Анализа на буџетот на општината
- Ставови на членови на Советот на општината
- Ставови на претставници на бизнис заедницата


Весна Трајковска: ЕКОНОМСКИ ИНДИКАТОРИ КОИ СЕ РЕЛЕВАНТНИ ЗА ДВИЖЕЊАТА НА ДЕВИЗНИТЕ ПАЗАРИ ВО СВЕТОТ

Големите светски економии долго време се обидуваат да постигнат  годишна стапка на инфлација од 2 % до 3%, применувајќи разни мерки, пред сè кратење на каматните стапки. Секоја промена во нагорна линија кон таргетот од 2 % до 3 % е позитивен сигнал за девизните пазари.


Прилог за Општина Кавадарци во рамки на проектот МОЈАТА ОПШТИНА - ФИНАНСИИ, РАЗВОЈ, ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ

- Интервју со Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци
- Анализа на буџетот на општината
- Ставови на членови на Советот на општината
- Ставови на претставници на бизнис заедницата


Љупчо Поповски: Зошто Швајцарија ги прекина преговорите со ЕУ?

Швајцарија реши да ги прекине седумгодишните преговори со ЕУ откако Унијата не се согласи на нејзините барања Европскиот суд за правда да нема јурсдикција во земјата, социјалните фондови да важат и за граѓаните на ЕУ, а и да се поткопаат големите плати на швајцарските граѓани. И двете страни загубија од прекинот на преговорите, само прашање е кој повеќе ќе се грижи за тоа.


Дејан Азески: Работата од дома навистина функционира 

Извештаите од анкетите спроведени во последниве неколку месеци покажуваат дека работата од дома носи подобра ефективност во проектите и ја зголемува продуктивноста. Ако се спореди продуктивноста на вработените од март до август 2020 година со истиот шестмесечен период во 2019 година, продуктивноста на вработените од дома е дупло зголемена.


Сузана Камберова: ИКАРУС (балада за една генерација) 

А по војните се продолжи со транзиции, банкроти, стечаи, приватизации, корпорации, глобализации. Мајката систем, кој ги растеше како свои деца, се распадна, а со него и сликата за идеалното општество и за младината, како и претставата дека никој не требаше да се плаши за својата иднина. Младината, која никој за ништо и не ја праша. Ѝ дадоа крилја да ѝ ги скршат на првиот лет! 


Емануел Рембер: Патување во Експатрија

„Патувањето ја буди нашата скромност, гледаме колку е мало местото што го зафаќаме во светот.“ Гистав Флобер (кореспонденција)


Ѓорѓи Јаневски: ВИДЕОЛОГИЈА  

Разговор со Златко Ѓелески.


УБАВА МАКЕДОНИЈА: ДОЈРАН 

Дојран, сведокот на најбурните воени судири на Балканот, целосно разрушен од воените дејствија и повторно изграден, Дојран кој ја преживеа и ја победи големата еколошка катастрофа, денес го живее еден од најубавите периоди во својата историја.


 Сето ова, како и други содржини, на 120 страници, за 150 денари, во најблиската трафика.

ПРЕПОРАЧАНО