МОЈАТА ОПШТИНА

Стамкова: Важен фактор во подобрување на услугите е можноста за континуирана едукација на вработените

Како до подобри услуги за жителите на Општина Гевгелија? Можности, ограничувања, предизвици...

Анета Стамкова, советник во Општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ

За да може да се постигне едно задоволувачко ниво на услугите на општината, потребно е да се овозможи реализација на повеќе услови.
Важен фактор во подобрување на услугите е можноста за континуирана едукација на вработените. Повеќе стручност − поквалитетна услуга. Зголемување на пристапноста на административните услуги, ефективна стандардизација и поедноставување на процедурите, со вистински едношалтерски систем, поголем број на достапни онлајн услуги, но и поголема достапност за лицата со инвалидитет .
Ограничувањата во нивната реализација најчесто се поради менаџирањето, финансиските импликации и/или (не)корелација и (не)синхронизација со постоечката законска регулатива од локалната самоуправа и од други поврзани области.
Иницијална каписла, како мал патоказ во таков лавиринт, е започнување со донесување и реализација на практично применливи проекти, одлуки и решенија. Тие не треба да бидат само донесена проформа де јуре, ами и да постојат и да функционираат де факто, како отсликана реалност во социополитичкиот живот.

ПРЕПОРАЧАНО