Бизнис

Интел инвестира 20 милијарди долари во фабрики за чипови во Аризона

блиц свет

Американскиот технолошки гигант Интел (Intel Corporation) ќе инвестира 20 милијарди долари во изградба на две фабрики за чипови во Аризона, а планира и нови погони во Европа, најави новиот извршен директор Пат Гелсингер (Patrick Gelsinger). Интел е една од ретките компании кои сè уште сами произведуваат полуспроводници и дизајнирааат и произведуваат свои чипови. Конкурентите како Квалком и Епл им го препуштаат производството на чипови на подизведувачите. Гелсингер нагласи дека Интел ги „решил целосно“ проблемите со најновата технологија на производство и дека системот ќе биде подготвен да произведува чипови до 2023 година. „Се планира голема експанзија на производството, што ќе вклучува 20 милијарди долари инвестиции во две нови фабрики во Чендлер, Аризона, и на идни локации во САД и Европа“, истакна Гелсингер. Новите фабрики ќе произведуваат главно најнови модели на чипови, што значи дека Интел ќе се натпреварува со тајванското производство на полуспроводници (TSMC) и корејскиот Самсунг електроникс, обидувајќи се да наметне нови односи во глобалниот производствен модел во овој сектор.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано