Актуелно

Економија и бизнис, април 2021г.

Во априлскиот број ќе читате...


Мега интервју со Кире Наумов, Главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје: ПРИ КРАЈ СЕ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НОВИ 100 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕИБ

Помина речиси една година откако банката го објави повикот за првата бескаматна кредитна линија како поддршка на домашните компании од секторите кои беа први на удар. Оттогаш се реализираа три бескаматни кредитни линии во вкупен износ од 44,5 милиони евра кои стигнаа до 4 илјади микро, мали и средни компании. Во текот на 2020 година се пласираа 63,7 милиони евра преку деловните банки за околу 200 компании по поволни каматни стапки.


Интервју со Сирил Бомгартнер, aмбасадор на Франција: ФРАНЦИЈА ЈА ПОДДРЖУВА ЕВРОПСКАТА ПЕРСПЕКТИВА НА С.МАКЕДОНИЈА

Европската интеграција има цел да ги исправи неправедните поделби низ историјата, a истовремено да ја зајакне стабилноста на континентот и да ѝ помогне на Европа како целина, по проширувањето, да се наметне како автономна моќ во светот што станува сè повеќе и повеќе несигурен. Верувам дека сите земји членки и сите институции на Европската Унија во одредена мера ја споделуваат оваа анализа.


Интервју со Доминик Отберг, регионален директор на Француската агенција за развој за Западен Балкан: ФАР ИМА ЗА ЦЕЛ ДА ГО ПОДДРЖИ ПРИБЛИЖУВАЊЕТО НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН КОН ЗАЕДНИЧКИТЕ СТАНДАРДИ НА ЕУ 

По две години активност, ФАР има дадено повеќе од 300 милиони евра (надвор од приватниот сектор) во форма на заеми во различни земји од регионот и ќе настојува дополнително да ги зголеми своите заложби за изградба на „заеднички свет“.


Зоран Јовановски: РАБОТА ВО НЕДЕЛА, КОЈ ТРЕБА ДА ОДЛУЧИ?

Договорот за работа е израз на добра волја на работодавачите и на вработените. Никој никого со сила не го тера да вработува или да се вработи. Ако има побарувачка за одредени производи и услуги, работодавачот ќе го организира процесот на нивно давање или производство и ќе вработува лица. Притоа ќе ги посочи условите за работа. Ако тие се прифатливи за оној кој е невработен, ќе го потпишат договорот за работа и секој ќе ги прифати и ќе ги реализира обврските што ги прифатил од тој договор. Тоа може да вклучува и работа во недела.


МАКЕДОНИЈА2025: РОДОВА АНАЛИЗА ЗА СЛИЧНОСТИТЕ И РАЗЛИКИТЕ МЕЃУ МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НИЗ ПРИЗМАТА НА ДИГИТАЛНИТЕ ВЕШТИНИ, СОСТОЈБИТЕ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ И ЗАСТАПЕНОСТА ВО НАУКАТА


СПЕЦИЈАЛЕН ПРИЛОГ: ПРОЕКТИ ФИНАНСИРАНИ ОД ЕУ

Во овој број го презентираме твининг-проектот „Jакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзиното членство во ЕСЦБ“. Главната цел на овој проект беше поддршка на Народната банка во одржувањето на стабилноста на макроекономскиот и финансискиот систем, преку усогласување на правилата, законодавството, политиките и работењето со стандардите на Европскиот систем на централни банки. Проектот се реализираше во период од осумнаесет месеци, и беше со буџет од 600.000 евра.

Анита Ангеловска-Бежоска, гувернер на Народната банкаПроектните активности опфаќаа четири значајни области од централнобанкарското работење
Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во РС Македонија: На долг рок, резултатите од проектот ќе донесат бројни придобивки за граѓаните и деловните субјекти
Андреа Минк проектен лидер на страната на Германската централна банка: Сите членови на тимот беа целосно посветени на успешното извршување на проектот
Давор Лончарек, помлад проектен лидер на страната на Хрватската народна банка: Сите проблеми со кои се соочивме во процесот беа решени брзо и ефикасно
Даниела Парат Јовановска, проектен лидер на страната на Народната банка на С. Македонија: Проектот беше комплексен, во него учествуваа 130 експерти од 10 централни банки, вклучувајќи ја и нашата
Гордана Мишкиќ, резидентен советник за твининг-проектот: Јас сум исклучително среќна ако помогнав, а се надевам дека помогнав, во постигнувањето на целите на овој проект
Игор Величковски, лидер на компонентата 1 – Платежни услуги и платни системи: Преку проектот беше поддржана изработката на подзаконски акти во платежната сфера
Цвета Јанкоска, лидер на компонентата 2 – Банкарска регулатива и супервизија: Бројните придобивки од проектот ќе придонесат кон натамошно зголемување на стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем
Султанија Бојчева Терзијан, лидер на компонентата 3  Статистика на финансиските сметки: Проектот придонесе за збогатување на сетот статистички податоци со коишто располага народната банка
Мите Митески, лидер на компонентата 4  Знаења и вештини во анализата на политиките: ДСГЕ-моделот може да се користи за опсежни анализи на економскиот циклус во нашата економија


Гордан Георгиев: КОЛАПС НА СИСТЕМОТ 

Кога колабира една држава, едно општество? Кога граѓаните комплетно ја губат довербата во институциите, кога се тотално апатични и не сакаат за ништо да знаат, кога НЕ протестираат за ништо, кога граѓанското општество е склеротично и не прави ништо, т. е. нема импулс да направи што било. Кога имаме таква атмосфера обично постојат две опции: или тивок распад и чмаење до недоглед или општ бунт против целиот систем по системот на „вили и мотики“...


Горан Петревски: ГОЛЕМАТА СТАГНАЦИЈА: МИТ ИЛИ РЕАЛНОСТ?

Проблемот се сведува на тоа што никој не е пророк и не може да ги предвиди долгорочните економски трендови. Впрочем, самиот израз „секуларна стагнација“ означува нешто што се случува на многу долг рок така што не е јасно дали стагнацијата која трае десетина години може да ја наречеме секуларна или се работи само за привремена појава. И во минатото развиените земји се соочувале со периоди на низок економски раст, но подоцна тие повторно се враќале на вообичаената, долгорочна траекторија.


 Прилог за Општина Охрид во рамки на проектот МОЈАТА ОПШТИНА - ФИНАНСИИ, РАЗВОЈ, ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ

- Интервју со Константин Георгиески, градоначалник на Општина Охрид
- Анализа на буџетот на општината
- Ставови на членови на Советот на општината
- Ставови на претставници на бизнис заедницата


Драган Тилев: ПОТРЕБНО Е...

Потребно е да направиме многу нешта, и тоа што поскоро, времето е скапоцен ресурс. Велат, ако не тргнеш, никогаш нема ни да стигнеш таму каде што си наумил.


Мирче Јовановски: „Економија и бизнис“ ви ги претставува институциите на Европската Унија со седиште во Луксембург
ЕВРОПСКИОТ СУД НА ПРАВДАТА ГО ШТИТИ ПРАВОТО И ЈА ПРОМОВИРА ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА
 

„Европскиот суд на правдата не може да каже ’не знаеме и ние‘, туку мора да донесе одлука откако ќе го разгледа текстот, контекстот, целите на прописите итн. по што се донесува единствена одлука која го прави целиот процес многу силен“, вели претседателот на судот, Белгиецот Кон Ленардс.


Антонета Манова Ставреска: ВО СВЕТОТ НА БИЗНИСОТ ОПСТАНУВА НАЈПРИЛАГОДЛИВИОТ (Е-трговија во РС Македонија)

Е-трговијата се одвива преку различни форми на комерцијални односи, вклучувајќи најразлично поврзување на потрошувачи, на компании или на влади. Тие вклучуваат класични B2B (бизнис кон бизнис) трансакции кои сè уште го сочинуваат „лавовскиот“ дел од прометот во е-трговијата во приватниот сектор, како и трансакциите од деловна активност на компании со влади B2G (бизнис кон влада) како што се јавните набавки


Катерина Бошевска: ПРЕДИЗВИЦИ НА БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА НА ПАНДЕМИЈАТА

Дел 2: Активности на регулаторите и супервизијата на банкарскиот сектор во рамките на ЕУ

Банките денес се сметаат за суштествен дел од решението токму со редовен пласман на заемите до корисниците кои имаат потреба од нив и апсорпција на загубите од кризата преку прифаќање на загубите од евентуални лоши пласмани.
Во рамките на еврозоната, нефункционалните кредити ќе достигнат повисоки нивоа дури и од оние во кризата од 2008 година.


Димитар Фуна: ГЕЈМСТОП И РЕДИТ, РОБИН ХУД И ВОЛ СТРИТ

Кратка приказна за тоа како обичниот човек (не) успеа да ѝ зададе удар на финансиската елита


Дејан Граорковски: КАРАКТЕРИСТИКИ И ПОТЕНЦИЈАЛ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ – СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА БИТКОИНОТ 

Блокчејн (Blockchain) претставува сложена база на податоци која во себе ги содржи сите направени трансакции и ги дели сите страни кои учестуваваат во системот базиран на биткоин протокол. Сѐ се чува во мрежата на серверите, а таа функционира како база на податоци така што секој индвидуален сервер ги содржи сите податоци за трансакциите, односно е децентрализиран.


Татјана Штерјова Душковска: ЗАЈАКНАТА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ПРЕКУ КОМОРСКИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА БАРИЕРИТЕ И ЗГОЛЕМЕНА РАЗМЕНА

Главниот проблем на кој се повикуваа нашите компании сите овие години наназад беа ограничувачките фактори што ги попречуваа да работат прекугранично: долги колони на граничните премини со кои дневно се губат стотици часови на чекање во место, непризнавање на сертификатите и другата извозна документација, неусогласените работни часови на граничните инспекциски служби или практичните проблеми при испраќање работници во некоја од другите држави од регионот (регулирањето на престојот, дозволите за работа или признавањето на квалификациите).


Штефан Петер: СО ВАКЦИНИТЕ ПРОТИВ КОРОНА ВИРУСОТ, А ВО НАСОКА НА ЗАКРЕПНУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА! 

Не би сакал да давам особени претпоставки затоа што во овие времиња предвидувањата се многу тешки, но мое мислење е дека со забрзување на програмите за вакцинација ќе „го претекнеме вирусот“ и кон крајот на 2021 година економијата ќе се врати близу своите нивоа од пред пандемијата


Мирослав Саздовски: ОПШТЕСТВЕНАТА КОНТЕКСТУАЛИЗАЦИЈА КАКО ВАЖЕН КОМУНИКАЦИСКИ ИНПУТ

Еден од клучните фактори за успех на која било форма на јавна комуникација претпоставува познавање на духот на времето. Не мислам тука само на идентификација на модерните трендови или на популарните општествени форми на собирање податоци, утврдување алатки, канали за комуникација итн., туку баш на она суштинско идентификување на оној „цајтгајст“ (Zeitgeist) кој сѐ помалку се мери во епохи, а сѐ повеќе се сведува на декади...


Љупчо Поповски: ШТО Е ЕВРОПСКА ЕКОНОМСКА ЗОНА И МОЖЕ ЛИ МАКЕДОНИЈА ДА ИМА КОРИСТ ОД ЧЛЕНСТВОТО ВО НЕА? 

Главното прашање е дали можното членство во ЕЕЗ треба да изгледа како супституција на приклучувањето во ЕУ, без оглед што во тој договор се вградени четирите основни слободи врз кои почива Унијата. И како една сиромашна земја како Македонија може да им се приклучи на трите најбогати земји во Европа, а не се дел од ЕУ?


Дејан Азески: ДОГМИТЕ ГО КОЧАТ ОПОРАВУВАЊЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО 

Просто неверојатно изгледа религиозните заедници стотици години по големата чума да ги повторуваат истите грешки кои ги практикувале во средновековието. Крајно време е црквата и џамијата да застанат рамо до рамо со медицината и да го помогнат процесот на спасување што повеќе животи на нивните верници. Но, за тоа да се направи и самите свештеници ќе мора да почнат да веруваат дека околу нас не бдее измислен, туку реален и многу смртонесен вирус кои тие имаат потполна слобода да го нарекуваат дело на сатаната..


Емануел Рембер: МЕСЕЦ НА ФРАНКОФОНИЈАТА
Писмото што ни го упати Гистав Флобер 

Драги колешки и колеги, драги учители,
Зошто не би го започнал ова писмо упатувајќи ви желби за добро здравје во овие времиња на пандемија, вам и на вашите блиски? Рококо е, но ми се допаѓа...


Лидија Георгиева: МНОГУ СОНЦЕ И ДОБРА ЗЕМЈА 

Неограничен раст на производството, потрошувачка на производи кои ни се потребни, но и не баш толку, неконтролирано уништување на природните ресурси − како последица на начинот на размислување кој го наследивме од минатиот век, глобалното затоплување е дел од проблемите кои денес им ги оставаме на идните генерации....


Сузана Камберова: КОПЧЕ НА БЕТОНОТ

Бранко Ќопиќ (Хашани, Босанска Краина, 1 јануари 1915 година, Белград, 26 март 1984 година) е интересна личност и писател кој по многу нешта се издвојува од плејадата книжевници од времето на бившата социјалистичка држава Југославија...


Ѓорѓи Јаневски: ЕДНА ГОДИНА ПОДОЦНА 

Март 2020 година: Ќе помине до пролет кај и да е, еве најдоцна до лето ќе се вратиме на нормален начин на живот.
Март 2021 година: Никој, ништо.
Март 2020 година: Малку изолација не е за отфрлање, ќе посветам повеќе време на себеси. Ќе читам повеќе, ќе гледам филмови кои одамна ми се на листата на чекање...


УБАВА МАКЕДОНИЈА: СТРЕЖЕВСКО ЕЗЕРО

Во 2019 година во Битола се одбележаа 40 години од почетокот на изградбата на „Стрежево“. Во Младинската работна акција „Стрежево“ во 1979 година учество зеле дури 3 500 бригадири. Изградбата на овој проект од капитално значење за Битола и Пелагонија ќе трае до 1981 година...


 Сето ова, како и други содржини, на 120 страници, за 150 денари, во најблиската трафика.

ПРЕПОРАЧАНО