Бизнис

Серафимовски: Користете ги домашните капацитети и производи

Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија

Годината што измина беше особено тешка од здравствен и економски аспект не само за градежништвото туку и за целиот јавен и приватен сектор. Пред нас се многу предизвици, но и многу можности да ги надминеме проблемите од минатото и да ги подобриме состојбите во секторот. Оваа година фокусот ќе биде ставен на новиот Закон за градење кој, пред сè, очекуваме да биде донесен во консултација со бизнис-заедницата, да стави ред во струката, да биде едноставен и лесно применлив за правниците и компаниите, да овоможи соодветна категоризација на градбите водејќи сметка за нивната комплексност и да придонесе за јакнење на квалитетот и на ефикасноста на објектите.
Во меѓувреме им порачуваме на градежните компании да се посветат на остварување максимална продуктивност со помош на кадровските капацитети и опремата со која располагаат, а на државата ѝ порачуваме да им помогне во тоа на начин што ќе ја поттикне побарувачката за македонски градежни производи и ангажманот на македонските градежни капацитети. Накратко пораката е „Користете ги домашните капацитети и производи“.

ПРЕПОРАЧАНО