Економија

Мојсоска Блажевски: Поддршката за компаниите за инвестиции мора да продолжи

Што очекуваат од 2021 година?

Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија2025:

Две илјади дваесет и прва година ќе биде година со предизвици на повеќе полиња, но сигурно подобра од 2020 година. Вакцинацијата заедно со имунитетот развиен кај дел од населението ќе ги намали притисоците и ќе овозможи постепено нормализирање на ситуацијата од април 2020 година. Од економски аспект, главен предизвик е како да преминеме од состојба на преживување кон состојба на раст и на инвестиции. Државата треба да го предводи процесот, да почне веднаш со реализација на предвидените капитални инвестиции, со фокус на оние кои имаат поголем ефект врз домашната економија. Поддршката за компаниите за инвестиции мора да продолжи. Ова е одличен период за спроведување на реформите на јавната администрација од аспект на рационализација на вработеноста и воведување на систем на мотивации и награди за оние институции кои имаат добри резултати. Како граѓанин најмногу би сакала да видам прогрес во борбата против корупцијата и подобрување на владеење на правото. Политичарите мора да се однесуваат поодговорно првенствено кон својата држава, а потоа и кон своите гласачи.

ПРЕПОРАЧАНО