Економија

Петревски: Мислам дека 2021 година ќе биде уште една во низата на изгубени години, така што новата прилика за нешто повеќе ќе ја имаме дури во 2022 година

Што очекуваат од 2021 година?

Горан Петревски, редовен професор на Економскиот факултет, УКИМ:

За жал, не можам да дадам оптимистичка прогноза за следната година. Јасно е дека првиот квартал од годината (оптимистичко сценарио) ќе го поминеме во економското мртвило предизвикано од борбата со епидемијата. Првите знаци на економското закрепнување може да ги очекуваме дури кон средината на годината. Потоа, веќе во текот на летото, ќе бидеме сведоци на популистичките мерки од типот на „поплочување на тротоарите по десетти пат“, поврзани со локалните избори. На тој начин мислам дека 2021 година ќе биде уште една во низата на изгубени години, така што новата прилика за нешто повеќе ќе ја имаме дури во 2022 година.

ПРЕПОРАЧАНО