Бизнис
Мизо: Очекувам и поактивен ангажман на институциите задолжени за поддршка на странските инвеститори
Што очекуваат од 2021 година?
Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“:
2021 година ќе биде година на опоравување. Автомобилската индустрија во Европа ќе се соочи со брз раст кој, сепак, нема да го надомести остриот пад од речиси 25 % во 2020 година. „Костал Македонија“ планира раст на приходите од над 75 %, нови клиенти, пософистицирани производи и вработувања. За македонската економија очекувам раст на БДП почнувајќи од вториот квартал на 2021 година и постепено закрепнување до крајот на годината, но најверојатно растот нема да биде рамномерен за сите сектори. Очекувам и поактивен ангажман на институциите задолжени за поддршка на странските инвеститори.